Џордан Брајан Хендерсон (роден на 17 јуни 1990 година, во Сандерленд) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Челси и на англиската репрезентација.
Хендерсон ја започнал својата кариера во Сандерленд, приклучувајќи се на академијата на клубот на осумгодишна возраст. Своето деби за првиот тим го направил во ноември 2008 година, а во меѓувреме поминал и шест месеци на позајмица во Ковентри Сити во 2009 година, пред да стане стандарден првотимец на Сандерленд. Во 2011 година, тој потпишал за Ливерпул каде останал 12 сезони и станал капитен на тимот во 2015 година, по заминувањето на Стивен Џерард. Со „црвените“ тој освоил голем број на трофеи, вклучувајќи една титула во Премиер лигата (2019-2020), еден ФА куп (2021-2022), два Лига купа (2011-2012 и 2021-2022), еден ФА Комјунити Шилд (2022) и по една титула уште во Лигата на шампионите (2018-2019), Суперкупот на УЕФА (2019) и Светското клупско првенство (2019). Тој го напуштил Ливерпул во 2023 година, по што настапувал по една сезона во Саудиска Арабија за Ал-Итифак и во Холандија за Ајакс, пред да се врати во Премиер лигата во дресот на Брентфорд.
Хендерсон го имал својот прв настап за англиската сениорска репрезентација во 2010 година, откако претходно играл и бил капитен на тимот под 21 година. Тој ја претставувал земјата на три Европски првенства во 2012, 2016 и 2020 и на четири Светски првенства во 2014, 2018, 2022, 2026. Вкупно за сениорската репрезентација на Англија одиграл 91 натпревар и постигнал 3 гола.
Клупска кариера
Наводи
Надворешни врски
Џордан Хендерсон на soccerway Џордан Хендерсон на transfermarkt Џордан Хендерсон на espn Џордан Хендерсон на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Родени во Сандерленд Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Ковентри Сити Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Брентфорд Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2012 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026