Петре Николоски (, ) - македонски и британски вајар. Живее и создава во Велика Британија.
Животопис Николоски е роден во Прилеп во 1959 година. Дипломирал на Факултетот за применети уметности во Белград, отсек скулптура, а во 1989 година магистрирал на истиот. Во 1993 година заедно со вајарот Глигор Стефанов, Николоски изложувал на 45. Биенале во Венеција како претставник на Македонија. Селектирани самостојни изложби реализирал во: Панчево, Мосраз, Рединг, Тасманија, Ланкашир, Лидс, Скопје и мн. други. Во 2018 година Националната галерија на Македонија во рамките на годишната програма ја организирала изложбата „Бесконечност“ (Infinity). Николоски од 1990 година живее и твори во Мејденхед, во близина на Лондон, Велика Британија.
Наводи
Надворешни врски Мрежно место Петре Николоски - Уметноста е центар на сите истражувања - интервју
Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски вајари Категорија:Британски вајари Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонци во Велика Британија