Трка околу Баскија 2018 — 58. издание на велосипедската етапна Трка околу Баскија, која се одржала помеѓу 2 и 7 април како четиринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од словенечки возач првпат, откако Примож Роглич () бил најпостојан возач на трката. Покрај победата на поединечниот хронометар, Роглич завршил втор на три други етапи, зацементирајќи ја зелената маичка за бодовниот пласман, заедно со чапела и жолтата маичка за генералниот пласман; Роглич ја освоил трката со над една минута пред најблискиот соперник, возачот на , Микел Ланда. Ланда и третопласираниот Јон Изагире (), се поместиле на подиумот на претпоследната етапа на трката, откако биле дел од шестчлено бегство.

Другите пласмани на трката биле освоени од Шпанци, Карлос Верона (планинскиот, за ), и Енрик Мас (млад возач, за по победата на завршната етапа од бегство), додека го освоил екипниот пласман, бидејќи Наиро Кинтана исто така завршил помеѓу најдобрите пет.

Рута

Целосната рута на Трката околу Баскија 2018 била објавена на 2 март 2018 година. За првпат во 40 години, трката ќе заврши со друмска етапа, а не со поединечен хронометар. На 28 март било објавено дека втората етапа - првично закажана на растојание од 152,7 километри - ќе биде продолжена на 166,7 километри.

Екипи

Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи. Бидејќи секоја екипа имала право на седум возачи (помалку за еден во споредба со 2017 година), вкупно 154 возачи ја започнале првата етапа.

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Завршен пласман

Поредок

На Трка околу Баскија 2018 се доделувале четири различни маички. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Во 2018 година биле воведени временските бонуси на првите тројца на секоја етапа, освен на хронометрите: етапниот победник добивал десет секунди, додека второ и третопласираниот добивале шест и четири секунди, соодветно. Бонус секунди имало и за првите тројца возачи на средните спринтови: три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот и една секунда за третиот возач. Предводникот на генералниот пласман ја добивал жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Трката околу Баскија 2018 и победникот на пласманот се сметал за победник на трката.

+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 6 Бодови за 10 8 6 4 2 1 Бодови за 6 4 2 1 0 Бодови за 3 2 1 0

Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала зелената маичка, промена од бела на изданието во 2017 година. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел и спринтерски пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, три бода за победникот, два бода за вториот и еден бод за третиот возач.

Постоел и планински пласман, каде бодовите се добивале доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите возачи. Секој од дваесет и трите искачувања биле категоризирани во прва, втора или трета категорија, а повеќе бодови имало на потешките и повисоко категоризирани искачувања. За искачувањата од првата категорија, првите шест возачи добивале бодови; на искачувањата од втора категорија, четворица добивале бодови; на искачувањата од трета категорија само тројца возачи добивале бодови. Водството во пласманот бил обележан од црвена маичка со бели точки.

Наместо спринтерски пласман, како во 2017 година, четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележана со светлосина маичка. Само возачи родени по 1 јануари 1993 година можеле да учествуваат во пласманот; најдобриот млад возач во генералниот пласман бил предводник на овој пласман. Постоел и екипен пласман во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.

Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман на млад возач25п Екипен пласман 1 Жилијан Алафилип Жилијан Алафилип Жилијан Алафилип Јонатан Ластра Енрик Мас 2 Жилијан Алафилип Марк Падун 3 Џеј Мекарти Томас де Гент 4 Примож Роглич Примож Роглич 5 Омар Фраиле Примож Роглич Марк Падун Џек Хејг 6 Енрик Мас Карлос Верона Енрик Мас На крај Примож Роглич Примож Роглич Карлос Верона Енрик Мас

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Трка околу Баскија Категорија:Светска турнеја на UCI 2018 Категорија:Шпанија во 2018 година