Јозеф Лада (чешки: Josef Lada, 17 декември 1887, Хрушице, Австроунгарија - 14 декември 1957, Прага, Чехословачка) - чешки сликар и писател.

Животопис Лада е роден во малото село Хрушице, во близината на Прага, каде се преселил на возраст од 14 години, работејќи како чирак-книговезец. Лада починал во Прага, а бил погребан на гробиштата Олшани.„Jozef Lada“, во: Jaroslav Hašek, Doživljaji dobrog vojnika Švejka u Prvom svetskom ratu. Beograd: Mandala, 2016, стр. 606.

Во чест на Јозеф Лада, еден астероид е наречен „17625 Јозефлада“.

Творештво

За време на своето долгогодишно творештво, Лада создал околу 10.000 цртежи и илустрирал околу 50 книги. Тој е најпознат со илустрациите на делата на Јарослав Хашек. Притоа, неговата претстава на војникот Швејк е позната ширум светот, а речиси сите преводи на познатиот роман на Хашек ги содржат цртежите на Лада. Лада нацртал речиси 600 цртежи на ликовите од романот за добриот војник Швејк.

Покрај тоа што се занимавал со сликарството, Лада напишал и голем број книги за деца, од кои најпозната е онаа во која се опишани авантурите на малиот црн мачор Микеш.

Лада бил самоук, но успеал да создаде сопствен стил. Тој сликал пејзажи, фрески, а дизајнирал и костуми за драми и за филмови.

Галерија

Наводи

Категорија:Чешки сликари Категорија:Чешки писатели Категорија:Родени во 1887 година Категорија:Починати во 1957 година Категорија:Сликари од 20 век