Црногорка е мешано македонско оро, кое кореографски потекнува од Скопско.Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 62-66

Ова е полетно оро, кое се игра со брзи и мали чекори. Обилува со потскокнувања и странични движења. Почетната позиција на орото е кога играчите се свртени еден до друг во полукруг, со лицето кон центарот на кругот. Се игра со рацете слободоно спуштени надолу. Постојат пет варијанти на играње на ова оро.

Наводи

Надворешни врски Црногорка во изведба на ЖКУД Владо Тасевски

Категорија:Македонски ора