мини|десно|280п|Повратните неправилни месечини на Јупитер. Пасифаја (од )http://planetarynames.wr.usgs.gov/Page/Planets — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 1908 г. од британскиот астроном Филибер Жак Мелот и подоцна наречена по Пасифаја, сопруга на кралот Минос и мајка на Минотаурот од старогрчката легенда.
Месечината е првпат е забележана на фотографија направена во Гриничката опсерваторија ноќта на 28 февруари 1908 г., а потоа е забележана на претходни слики наназад до 27 јануари. Ја добила привремена ознака бидејќи не било јасно дали се работи за астероид или месечина на Јупитер, сè до 10 април, кога е утврдено дека телото е месечина.
Телото го добило сегашното име дури во 1975 г.;IAUC 2846: Satellites of Jupiter 1974 October 7 (naming the moon) дотогаш се нарекувало , а понекогаш и „Посејдон“ between 1955 и 1975 г.
Орбита Пасифаја кружи околу Јупитер по високозанесена и високонаклонета повратна орбита. По неа е наречена Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 22,8 до 24,1 милиони километри, на наклони од 144,5° до 158,3°.Sheppard, S. S.; Jewitt, D. C.; and Porco, C. C.; Jupiter's Outer Satellites and Trojans, in Jupiter: The Planet, Satellites and Magnetosphere, edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, and William B. McKinnon, Cambridge Planetary Science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, , 2004, pp. 263-280 (Орбитални елементи од јануари 2000 г.) Тие постојано се менуваат поради сончевите и планетарните растројувања.
Познато е дека месечината е во секуларна резонанца со Јупитер (врзувајќи ја должината на нејзиниот перијов со должината на Јупитеровиот перихел).
Физички особености Со пречник од околу 58 км, Парсифаја е најголемата повратна месечина и трета по големина неправилна месечина, зад Хималија и Елара.
Спектроскопските мерења на инфрацрвеното зрачење покажуваат дека Пасифаја е спектарски безлично тело, што одговара на претпоставеното астероидно потекло. Се смета дека месечината всушност е откршок од зафатениот астероид заедно со другите месечини од нејзината група.Sheppard, S. S.; and Jewitt, D. C.; An Abundant Population of Small Irregular Satellites Around Jupiter, Nature, Vol. 423 (May 2003), pp. 261-263
Во видливиот спектар, месечината има сив изглед (бојни показатели B-V=0,74, R-V=0,38), слично на астероидите од типот C.Grav, T.; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; and Aksnes, K.; Photometric Survey of the Irregular Satellites, Icarus, Vol. 166 (2003), pp. 33-45
Поврзано Неправилна месечина
Наводи
Надворешни врски Профил на Пасифаја — Истражување на Сончевиот Систем, НАСА Неправилни месечини на Јупитер — страници на Дејвид Џуит Месечини на Јупитер — страница на Скот Шепард Ефемеридна служба за месечини — Центар за мали планети
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 1908 година Категорија:Пасифаина група Категорија:Месечини со повратна орбита