Бугарски рок архиви или Bulgarian Rock Archives е првата сèмрежна енциклопедија посветена на рок-музиката во Бугарија. Започнала на Интернет на 2 август 2013 година и вклучува повеќе од 350 бендови и изведувачи од средината на 1960-тите. Статиите се поделени по азбучен редослед, година на создавање, стил, локација. Профилите на групата вклучуваат кратка биографија, дискографија, композиција, врски до видеа и врски до официјални сајтови и профили.
Почнувајќи од 4 јуни 2015 година, страницата користи нова верзија, земајќи пример од Encyclopaedia Metallum, со подобри одлики и дизајн. Во тоа време, вклучува околу 900 бендови и изведувачи.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бугарска музика Категорија:Рок-музика Категорија:Семрежни енциклопедии Категорија:Музички мрежни места Категорија:Бугарски мрежни места