мини|десно|250п|Ерато. Ватикански музеи.

Ерато (грчки јазик Ератô; латински јазик Erato) е ќерка на Зевс и Мнемозина. Една е од деветте музи, заштитничка е на лириката, посебно на љубовните песни.

Нејзиното име на грчки јазик значи „мила“.

Митологија мини|лево|200п|Ерато од Џон Вилијам Годвард Во старогрчката митологија Ерато е прикажувана со лира во раката или со китара, која таа ја измислила, а често имала и венец од мирта или од ружа на главта.

Ја претставувале и со две гулабици кои до неа, на земјата, колваат семиња.

Бидејќи таа е заштитничка на љубовните песни, честопати е прикажувана и како држи златна стрела со што потсетува на ерос - чувство кое се вдахновува и љубовта која ја штити, па поради тоа, често е прикажувана заедно со богот Ерос.

Ерато имала еден син, Азан чиј татко бил Аркад, син на Калиста.

Надворешни врски

Муза Ерато во класичната книжевност Нимфата Ерато во класичната книжевност

Категорија:Музи Категорија:Потомство на Зевс