Пријателски натпревар или Пријателска е спортски настан - во екипните спортови - за кои не се доделуваат бодови.Regolamento FIPAV per le gare della stagione 2003-04 (in PDF)

Дефиниција Статистичките податоци за пријателскитe натпревар меѓу клубови (конечен резултат, присуство на играчи и резултати) немаат - обично - официјална вредност. Ова се должи на фактот што екипите ги планираат пријателските натпревари во претсезонскиот период, односно пред официјално да почне сезоната, со цел да се подготоват за стартот на сезоната и да тренираат.

За разлика од клубовите, пријателските натпревари на репрезентациите се поважни, бидејќи тие имаат поинтензивен распоред од клубовите. За овие селекции, овие натпревари се користат за подготовка за меѓународни турнири. Календарот обично ги опфаќа овие натпревари кога играчите се на одмор од своите клубови.

Правила Поради неофицијалниот карактер, пријателскиот натпревар може да има различен правилник од другите натпревари. Во фудбалот - на пример - дозволено е да се направат поголем број на замени на место вообичаено дозволените три.

Исто така во фудбалот, календарот на ФИФА точно одредува кои датуми се наменети за меѓународни пријателски.

Поединечни спортови Иако е типично за колективните спортови, пријателскиот натпревар е исто така присутен и во поединечните спортови каде што е познат под името "егзибиција": ова се случува, меѓу другите дисциплини, во бокс и други боречки спортови, потоа во тенис итн.

Наводи

Категорија:Спортска терминологија