мини|250x250пкс|ГалијаGeorge F. Bass, ed., A History of Seafaring, Thames & Hudson, 1972 Морепловство или поморство — дејност поврзана со транспорт на луѓе и носење стоки по морски пат, и зафаќа најмногу место во севкупен преглед. Текот на развојот се одвивал во три периоди:Мала енциклопедија, Просвета, Београд, 1986. год; група аутора: др Борислав Благојевић, Радивој Давидовић, д-р Владета Јеротић, Света Лукић, Перо Морача, д-р инж. Драгослав Поповић, д-р Војислав Становчић, Марија Стојиљковић, Стојан Ћелић период на чамци и бродови на рачно управување (веслање), период на бродови со погон на силата на ветрот (едрилици), период на бродови со механички погон (пареа; мотори со клипови и турбини, дизел мотор, и јадрен погон).
Историја на морепловството Почетоците на морепловството се поврзани со праисториско време; дрвен сплав од вкрстени стебла, примитивно поврзани, било првото пловно средство. Во бронзено доба и во рано и доцно железно доба трговијата била толку развиена што се граделе и големи чамци односно бродови. Познато е дека првите бродоградители биле Египќаните кои со своите бродови пловеле по Црвеното Море (околу 1700 г. п.н.е.) и сè до Сомалија. Феникијците се сметале за најдобри морнари на тоа време; пловеле по цело Средоземно Море , а во 12. век п.н.е. тие стигнале до Гибралтар во Атлантски Океан веќе околу 600. година п.н.е. тие пловеле по должината на Западниот брег и околу Африка. Во тоа време грчките бродови развиле трговија со сите крајбрежни средоземни земји, и околу 300 година п.н.е. пловеле по Атлантикот крај брегот на Западна Европа и стигнале до Велика Британија и Балтичките земји.
Наводи
Категорија:Воден сообраќај