Бокенем () — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, основан во 1154 година. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот.
Географија Местоположба
мини|300п|лево|Бокенем
Бокенем се наоѓа на десет километри северозападно од подножјето на Харц.
Градски единици
Градот настанал на 1 март 1974 година кога кон него биле припоени некогашни општини. Денес, кон градот припаѓаат следниве места (во заградите нивниот број на жители според 1 јануари 2015 г.): Бениен (472), Борнум (1161), Билтум (136), Грос Илде (196), Хари (339), Јерце (175), Клајн Илде (61), Кенигсдалум (372), Малум (493), Нете (421), Ортсхаузен (236), Шлевеке (562), Штери (230), Упштет (217), Фолкерсхајм (853), Вердер (118) и Воленхаузен (86).
Соседни општини
Бокенем се граничи со Холе на север, со Зезен на југ, со Ламшпринге на запад, со Бад Залцдетфурт на северозапад, а на исток со Лутер на Баренберге.
Знаменитости
Селото Штери било познато по својот музеј на мали автомобили во светот, кој бил најголем од таков вид. Музејот бил затворен во 2005 година. Наосот на протестантската црква во Бокенем бил изграден во 1403 година. Друга интересна црква е во селото Нете. Романескната кула била користена како тврдина во воени услови. Наосот потекнува од 1731 година.
Меѓународни односи
Бокенем е збратимен со следниве градови:
Гинтерсберге, Германија Заваѕке, Полска Торнбери, Обединето Кралство.
Познати луѓе
Хенриете Шрадер-Брајман (1827-1899) — пионер за системот на градинки и рана женска активистка Ернст Дегер (1809-1885) — црковен сликар
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хилдесхајм (округ) Категорија:Ханза