Света Богородица — главна селска црква во селото Бојанчиште.
Црквата е сместена на височинка на излезот од селото. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Црквата е подигната во текот на век, а била фрескоживописана во 1865 година. Ова го пишува во натписот над западната страна од гредата меѓу наосот и припратата. Натписот гласи:
Архитектура
Црквата е еднокорабна со изведена рамна дрвена таваница. Има изграден трем од јужната и западната страна.
Фрескоживопис
Црквата е фрескоживописана од зографите Спасе и Доне, брат Негров од селото Гари - Дебарска Каза. Состојбата на фрескоживописот е во состојба на распаѓање, а самата црква дава изглед на запуштен објект.
Фреските од првата зона се во цел раст и се насликани високо над седиштата. Втората зона ја исполнуваат повеќе сцени и композиции од животот на Исус Христос.
Галерија
Поврзано Бојанчиште Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Ваташка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бојанчиште Бојанчиште Категорија:Дела на Дебарската школа