Рами Рабија (роден на 20 мај 1993 во Каиро) - египетски фудбалер, играч од одбраната на Ал Ахли и на египетската репрезентација.

Клупска кариера Рабија е производ на академијата на Ал Ахли. Тој бил повикан во првиот тим за првпат од тренерот Абделазиз Абделшафи, кој го повикал Рабиа поради недостатокот на играчи од одбраната во тој момент. Своето деби го направил на 21 декември 2010 во победата над Харас Ел Ходуд со 2-1, играјќи го целиот натпревар. Рами се покажал достоен да биде во тимот на Ал Ахли кога го направил своето деби во КАФ Лигата на шампионите во 2011 година, каде што покажал одлични перформанси како еден од најдобрите стопери во историјата на клубот. Својот прв професионален погодок го постигнал на 23 февруари 2013 во победата со 2-1 над конгоанската екипа АК Леопардс во Суперкупот на КАФ.Al Ahly beats Leopard to win 2013 CAF Super Cup futaa.com На 10 март 2013, Рабија го постигнал својот прв погодок во Премиер лигата на Египет, во победата со 2-1 на домашен терен над ЕНППИ.

На 23 јули 2014, Рабија потпишал за Спортинг Лисабон за сума од €750,000. Своето деби го направил на 14 јануари 2015, во победата со 1-0 над Боависта во Лига купот на Португалија, влегувајќи во 89-тата минута на местото на Рајан Голд.

Откако во Спортинг не добил можност да дебитира за првиот тим во португалското првенство, Рабија се вратил во Ал Ахли во август 2015 за необјавена сума.

Репрезентативна кариера Рами Рабија дебитирал за репрезентацијата на Фараоните на 28 декември 2012 година против Катар, играјќи во центарот на одбранбената четврока заедно со Ваел Гомаа. На 7 март 2013, повторно против Катар Рабија го постигнал својот прв погодок за египетската репрезентација во поразот со 3-1 во Ал Рајан. Во декември 2016 тој се здобил со повреда за време на тренинг на Ал Ахли поради што морал да го пропушти Африканскиот куп на нациите 2017 во Габон.Al Ahly Confirm Rabia Injury And Six Week Absence africanfootball.comREPORT: Egypt national team has 25th most expensive squad in the world

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана 10 јануари 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2010-2011 Ал Ахли ПЛ 6 0 КЕ 2 0 КЛШ 5 0 СЕ 0 0 13 0 2011-2012 ПЛ 2 0 - - - КЛШ 3 0 - - - 5 0 2012-2013 ПЛ 8 1 КЕ 0 0 КЛШ 9 0 СЕ+СК+Скп 1+1+2 0+1+0 21 2 2013-2014 ПЛ 10 1 КЕ 0 0 КЛШ+ККК 4+5 0 СК+Скп 1+2 0 22 1 2014-2015 Спортинг Лисабон ПЛ 0 0 КП+ЛкП 0+3 0 ЛШ+ЛЕ 0 0 - - - 3 0 2015-2016 Ал Ахли ПЛ 25 4 КЕ 4 0 КЛШ 9 2 СЕ 1 0 39 6 2016-2017 ПЛ 11 1 КЕ 4 0 КЛШ+АЛШ 10+4 1+0 СЕ 0 0 29 2 2017-2018 ПЛ 3 0 КЕ 0 0 КЛШ 0 0 СЕ 0 0 3 0Вкупно Ал Ахли 65 7 10 0 49 3 8 1 132 11Вкупно во кариерата 65 7 13 0 49 3 8 1 135 11

Титули Клупски Ал Ахли Премиер лига на Египет (4) : 2010-2011, 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017 Куп на Египет (1) : 2017 Суперкуп на Египет (2) : 2011, 2015 КАФ Лига на шампиони (2) : 2012, 2013 Суперкуп на КАФ (2) : 2013, 2014

Репрезентативни Египет Африканско младинско првенство (1) : 2013

Наводи

Надворешни врски

Рами Рабија на transfermarkt Рами Рабија на soccerway Раби Рабија на espn Рами Рабија на whoscored

Категорија:Египетски фудбалери Категорија:Фудбалери на Ал Ахли Каиро Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026