Десетте Божји заповеди, или Декалогот, се религиски и морални закони кои, според Библијата, се напишани од Бог и му се дадени на Мојсеј на планината Синај во вид на две камени табли. Играат голема улога во јудаизмот и христијанството. Фразата „Десет заповеди“ во основа се однесува на сличниот текст од библиската книга Исход и од Второзаконие .

Текст на заповедите Во книгата Исход лево|thumb|250px|Овој пергамент од 1768 година (612x502 mm) на Јекутил Софер е имитација на Декалогот од 1675 година .

Преводот од хебрејски на македонски, пренесен од втората книга во Библијата - Исход гласи вака:

Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови: „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството!

1. Јас сум Господ твој, да немаш други богови освен Мене;

2. Не прави идол, ниту каква слика, од она што е горе на небото, и што е долу на земјата и што е во водата и под земјата; да не им се поклонуваш, ниту да им служиш;

3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог;

4. Памти го денот на одмор, за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги во нив сите работи, а седмиот ден е одмор на Господа , твојот Бог;

5. Почитувај ги татка си и мајка си, за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата;

6. Не убивај;

7. Не врши прељуба;

8. Не кради;

9. Не сведочи лажно против твојот ближен;

10. Не пожелувај ништо што е туѓо.

И двете главни божји заповеди:

1. Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце,

со сета своја душа, со сета своја сила, со сите свои помисли (Лука 10, 27).

2. Возљуби го својот ближен како себеси (Матеј 22, 39).

Во книгата Второзаконие десно|200п|thumb|Десетте Божји заповеди на хебрејски на папирус од втор век.

Извадокот во кој се опишуваат Божјите заповеди сместен во петтото поглавје на Петтата Мојсеева Книга Второзаконие:

6 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.

7 Да немаш други богови покрај Мене!

8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата.

9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ги казнувам гревовите на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата, на внучињата и на правнучињата,

10 а им искажувам милост на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

11 Не земај го напразно името на Господа, својот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној, кој го зема напразно Неговото име.

12 Одржувај го саботниот ден за да го осветуваш, како што ти заповеда Господ, твојот Бог.

13 Шест дни работи и извршувај ги сите свои работи.

14 А седмиот ден е ден на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така што може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти.

15 Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден.

16 Почитувај ги татка си и мајка си, како што Господ, твојот Бог, ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава.

17 Не убивај!

18 Не прељубодејствувај!

19 Не кради!

20 Не сведочи лажно против својот ближен!

21 Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.’”

Разлики Во извадокот од Исход се забележуваат повеќе од десет заповеди, можеби 14 или 15. Како и да е, Библијата ги ограничува на бројот "10", според хебрејската фраза ʻaseret had'varim— која може да се преведе како десетте зборови, искази или нешта.Книга Исход 34:28 Различни религии различно ги делат заповедите. Табелата ги прикажува основните разлики. Заповед Еврејска Православна Римокатоличка, Лутеранска Англиска, Реформирана и други форми на ПротестантскаЈас сум Господ, твојот Бог! 1 1 1 -Да немаш други богови покрај Мене! 2 1Не почитувај никакви идоли! 2 2Не употребувај го напразно името Господово! 3 3 2 3Не врши никаква работа во сабота! 4 4 3 4Почитувај ги својот татко и мајка! 5 5 4 5Не убивај! 6 6 5 6Не врши прељуба! 7 7 6 7Не кради! 8 8 7 8Не сведочи лажно! 9 9 8 9Не лакоми за куќата на својот ближен! 10 10 9 10Не посакувај ја жената на својот ближен! 10

Наводи

Надворешни врски

Македонска Библија — Библијата на македонски; едноставен начин на барање

Категорија:Христијанско право Категорија:Јудаизам Категорија:Историја на правото Категорија:Еврејско-христијански теми Категорија:Мојсеј Категорија:Библиски изрази Категорија:Исход (библиска книга) Категорија:Второзаконие