Ѓоко Хаџиевски (роден на 31 март 1955) — македонски фудбалски тренер и поранешен фудбалер.

Ран живот и образование Иако е роден во Битола, Хаџиевски е Ресенчанец. Татко му е од Ресен, додека мајка му е од Битола. Во Битола доста престојувал кај неговите дедо и баба. Додека растел, тој ги гледал првотимците на Преспа каде што татко му бил тренер. Неговите родители имале желба да стане архитект, поради што тој и се запишал во Средното архитектонско школо во Струга, а подоцна и на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде што завршил една година пред да се префрли на ДИФ. 255px|thumb|left Играчка кариера Младинска кариера По запишувањето во средно, почнал да игра за младинците на Караорман.

Сениорска кариера Од клубот Преспа, Хаџиевски на свои 19 години дошол во Скопје, во Вардар, од каде што веднаш го препратиле во клубот Балкан. Таму бил под водство на тренерот Стојан Стојановски-Колац. Потоа следувале настапи за Тетекс, Љуботен, Вардарски, пред да дојде моментот конечно да потпише за Вардар на негови 27 години во 1982 година, но повторно без можност да заигра за клубот поради задолжителниот рок во војска.

Поради неможноста повторно да се влучи во редовите на Вардар и тешкотиите во Скопје, тој заминал во Битола. Таму се вработил во Сојузот за физичка култура и последните две години од играчката кариерата ги играл во Пелистер во Втората југословенска лига и се пензионирал на 29 години.

Тренерска кариера Клупска кариера Веднаш по активното играње фудбал, тој постанал тренер. Првин како кормилар на младинците на Пелистер, а потоа и на првиот состав. Зел под негово раководство 100 деца и во 1984 година станал тренер на пионерите од 10 до 16 години. Од таа генерација се Митко Стојковски, Петар Милошевски и низа други. Со таа пионерска генерација станале прваци на Југославија. Хаџиевски станал претседател на тренерскиот одбор на Југославија.

Во 1988 година станал тренер на првата екипа на Пелистер. Од клупата на Пелистер направил трансфер во Вардар во 1991 година. Тогаш Хаџиевски и Вардар се унапредиле од Втората во Првата југословенска лига. Во сезоната 1991/92, Црвена ѕвезда била бранител на титулата, а Хаџиевски и Вардар ја победиле во првото коло, што била последната сезона. Во првото самостојно првенство на Македонија освоил двојна круна, без пораз. По сезоната 1992/93, отишол во ЦСКА од Софија и таму бил првиот странски тренер во бугарскиот фудбал.

Тој поднесол оставка како тренер на Вардар во летото 2003 година и Зоран Стратев ја презел неговата функција.Uefa.com:News

Помеѓу март 2004 и декември 2005 година, тој бил тренер на Докса Драма.

Помеѓу август 2006 годинаUefa.com:News и февруари 2007 година, тој бил тренер на Вихрен од Свети Врач.Uefa.com: News

Хаџиевски бил ангажиран како тренер на ФК Баку во летото 2007 година. Тој ја освоил титулата во Премиер лигата на Азербејџан со Баку во 2009 година.

Во декември 2014 година, Хаџиевски повторно станал тренер на Пелистер, но во мај 2015 година, по испаѓањето на Пелистер од Првата лига, Хаџиевски поднесол оставка како тренер.

Во 2023 година, Хаџиевска станал тренер на Наџран по трет пат.

Во неговата тренерска кариера, раководел со други екипи како што се Вихрен од Свети Врач), Касторија од Костур, Докса Драма од Драма, Атромитос од Кипар, Баку од Азербејџан, Џубило Ивата од Јапонија.

Репрезентативна кариера Хаџиевски еден период ја водел Б репрезентацијата на Југославија.

Хаџиевски бил изгласан за прв селектор на Македонија по осамостојувањето, но поради тоа што веќе бил тренер на софиска ЦСКА, а и при брзата промена на тогашното раководство на ФФМ, не добил веднаш шанса и бил сменет со Андон Дончевски, кој ја водеше репрезентација во нејзините почетоци.

Хаџиевски во 1996 година конечно ја презеде македонската репрезентација и ја водел во два квалификациски циклуси. На 9 ноември 1996 година, Хаџиевски и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11.

На 31 октомври 2007 година, тој бил именуван за привремен тренер на Азербејџан, бидејќи Шахин Диниев поднесол оставка.Uefa.com: News

Почести и награди Прва македонска лига: 5 Првак: 1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02 и 2002/03 Втора југословенска лига: 1 Вицепрвак: 1990/91 Куп на Македонија: 2 Првак: 1992/93 и 1994/95 Републички куп на Македонија: 1 Првак: 1991/92 Јапонски суперкуп: 1 Првак: 2000 Премиер лига на Азербејџан: 1 Првак: 2008/09

Наводи

Надворешни врски Профил во ФК Касторија

Ѓоко Хаџиевски на Transfermarkt.com

Категорија:Родени во 1955 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Битола Категорија:Фудбалери од Ресен Категорија:Машки фудбалски средишници Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Фудбалери во Втората југословенска фудбалска лига Категорија:Фудбалски тренери од Битола Категорија:Фудбалски тренери од Ресен Категорија:Тренери на ФК Пелистер Категорија:Тренери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Тренери на ПФК ЦСКА (Софија) Категорија:Тренери на ФК Војводина Категорија:Тренери на Фудбалската репрезентација на Македонија Категорија:Тренери на ФК Силекс Категорија:Тренери на ФК Јубило Ивата Категорија:Тренери на ФК Касторија Категорија:Тренери на ФК Докса Драма Категорија:Тренери на ОФК Вихрен Категорија:Тренери на ФК Баку Категорија:Тренери на Фудбалската репрезентација на Азејбејџан Категорија:Тренери на ФК Атромитос Категорија:Тренери на ФК Симурк ПИК Категорија:Тренери на ФК Наџран Категорија:Тренери на ФК Ал Тавун Категорија:Тренери на ФК Ал Кадсијах Категорија:Тренери на ФК Хата Категорија:Тренери на ФК Ал Дафра Категорија:Тренери на ФК Беласица Категорија:Тренери на ФК Емирејтс Категорија:Тренери на ФК Хаџер Категорија:Тренери во Ј1 лигата Категорија:Тренери во Саудиската про лига Категорија:Тренери во Про лигата на ОАЕ Категорија:Тренери во Саудиската прва дивизиска лига Категорија:Тренери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Македонски иселеници фудбалски тренери Категорија:Иселеници фудбалски тренери во Бугарија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Бугарија Категорија:Иселеници фудбалски тренери во Србија и Црна Гора Категорија:Македонски иселеници спортисти во Србија и Црна Гора Категорија:Иселеници фудбалски тренери во Јапонија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Јапонија Категорија:Иселеници фудбалски тренери во Грција Категорија:Македонски иселеници спортисти во Грција Категорија:Иселеници фудбалски тренери во Азејбејџан Категорија:Македонски иселеници спортисти во Азебејџан Категорија:Иселеници фудбалски тренери во Саудиска Арабија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Саудиска Арабија Категорија:Иселеници фудбалски тренери во Обединети Арапски Емирати Категорија:Македонски иселеници спортисти во Обединети Арапски Емирати