„Солсберската катедрала од ливадите“ (англиски: Salisbury Cathedral from the Meadows) е слика од уметникот Џон Констабл насликана во 1829, една година по смртта на неговата сопруга. Подоцна тој кон сликата додал и стихови од делото „Годишните времиња“ од поетот Џејмс Томсон (XVIII век) кои го разоткриваат значењето на сликата: дека виножитото е симбол на надежта по бурата следејќи по смртта на младата Амелија во рацете на нејзинот љубовник Келадон.

Оваа слика претставува личен израз на турбулентните чувства и променливите умствени состојби на сликарот. Некои ја имаат толкувано сликата и на политички начин, едно од кои толкувања е судирот на природата и индустријализацијата претставен преку судирот на елементите.

Некои симболи во сликата: Надгробен споменик: симбол на смртта Јасен: симбол на животот Црква: симбол на вербата и воскресот Виножито: симбол на обновен оптимизам

Категорија:Романтистички слики Категорија:Слики од Џон Констабл