Лавот во зима (англиски: The Lion in Winter) - американски филм од 1968 година, во режија на Ентони Харви, според сценариото на Џејмс Голдман, засновано врз неговата истоимена театарска претстава прикажувана на Бродвеј. Во главните улоги настапуваат: Питер О'Тул, Кетрин Хепберн, Џон Касл, Ентони Хопкинс, Џејн Мероу, Тимоти Далтон, Најџел Тери, итн. Филмот постигнал голем успех, како кај публиката, така и кај филмската критика и бил номиниран за наградата „Оскар“ во седум категории, а победил во три (меѓу кои и Хепберн за најдобра женска улога). Покрај тоа, филмот своил две награди „Златен глобус“ и две награди на БАФТА. Инаку, токму во овој филм, Далтон ја остварил својата прва филмска улога, а Хопкинс ја одиграл првата голема улога. Во 2003 година била снимена нова, телевизиска верзија на филмот.
Синопсис На Божиќ, во 1183 годинакралот Хенри II (го игра О'Тул) најавува дека ќе објави кој ќе биде престолонаследникот. Одлуката не е едноставна, зашто тој има три сина при што кралот сака круната да ја наследи Џон (го игра Тери), но кралицата Елеонора (ја игра Хепберн) е уверена дека круната треба да му припадне на синот Ричард (го игра Хопкинс). Секој од присутните се обидува да го придобие неодлучниот крал за својот избор...
Наводи
Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Историски филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Ентони Харви Категорија:Филмови со Питер О'Тул Категорија:Филмови со Кетрин Хепберн Категорија:Филмови со Тимоти Далтон Категорија:Филмови со Најџел Тери Категорија:Филмови со Ентони Хопкинс