Виенски новогодишен концерт () — концерт на класична музика изведена од страна на Виенската филхармонија, кој се одржува секоја година во утринските часови на 1 јануари во салата на Музичкото здружение во Виена, Австрија. Се емитува во живо во целиот свет, а публиката е проценета на повеќе од 50 милиони во 73 земји во 2012 и 93 земји во 2017 година.
Музика и изведба Музиката што се изведува на Новогодишниот концерт секогаш вклучува дела од семејството Штраус — Јохан Штраус I, Јохан Штраус II, Јозеф Штраус и Едуард Штраус — со повремени дополнителни музички дела од други главно австриски композитори, вклучувајќи ги Јозеф Хелмесбергер Јуниор, Јозеф Ланер, Моцарт, Ото Николај (основачот на Виенската филхармонија), Емил фон Резничек, Франц Шуберт, Франц фон Супе, и Карл Микаел Цирер. Во 2009 година, музиката на Јозеф Хајдн била изведувана за првпат, заради одбележување на 200-годишнината од неговата смрт. Традиционално се изведуваат околу десетина композиции, со интервал на половина од концертот. Композициите вклучуваат валци, полки, мазурки, и маршеви. мини|Златната сала.
Отворањето е секогаш со брза полка, а втора комозиција е На синиот Дунав од Јохан Штраус синот, по што следува аплауз и честитки за новата година од музичарите до публиката. Последен е „Радетскиот марш“ на Јохан Штраус таткото, додека публиката удира со дланките во ритамот во кој се диригира. Времетраењето на целиот концерт е околу два и пол часа.
Концертот се одржува во „Златната сала“ (Goldener Saal) од зградата на Музикфераин од 1939 година. Емитувањето на телевизија е придружено со балетски изведби во текот на вториот дел од програмата.
Во 2017 година, оркестарот за првпат се појави во нова облека дизајнирана од Вивијен Вествуд и Андреас Кронтхалер.
Историја Постоела традиција за новогодишен концерт во Виена уште од 1838 година, но не со музика од семејството Штраус. Од 1928 до 1933 година, имало пет новогодишни концерти во зградата на Музикфераин, диригирани од Јохан Штраус III. Овие концерти ги пренесувала станицата за радио-дифузија „ОРФ“ (ORF). Во 1939 година, Клеменс Краус, со поддршка од Балдур фон Ширах, осмислил концерт за новогодишните празници посветен на Зимската воена помош ('Kriegswinterhilfswerk'), за да се зајакне моралот на борбените линии. По Втората светска војна, концертот продолжил да се изведува, а почетоците и идејата за концертот на нацистите биле заборавени сè до скоро.
За првпат концертот е одржан во 1939 година, под диригентската палка на Клеменс Краус, и само тогаш е одржан на 31 декември, а не на 1 јануари. Наречен бил специјален или посебен концерт, а се изведувале дела само на Јохан Штраус синот. Програмата била следнава: "Утрински весници", Op. 279, валцер "Полка за Ана", Op. 117, посветена на Марија Ана Савојска Чардаш од операта Витез Пазман "Царски валцер", Op. 437 "Лесна крв", брза полка, Op. 319 "Египетски марш", Op. 335 "Сказни од виенските шуми", валцер, Op. 325 "Пицикато-полка" "Перпетуум мобиле", музичка шега, Op. 257 Увертира на оперетата Љиљакот
Диригенти Босковски диригирал со новогодишниот концерт од 1955 до 1979 година. Во 1980 година, Лорин Мазел бил првиот диригент на концертот кој не бил Австриец. Практиката да се менуваат диригентите била воведена во 1987 година, а првиот познат диригент со кој се започнала оваа практика бил Херберт фон Карајан, кој тогаш имал 78 години.
Клеменс Краус, 1939, 1941–1945, 1948–1954 Јозеф Крипс, 1946–1947 Вили Босковски, 1955–1979 Лорин Мазел, 1980–1986, 1994, 1996, 1999, 2005 Херберт фон Карајан, 1987 Клаудио Абадо, 1988, 1991 Карлос Клајбер, 1989, 1992 Зубин Мета, 1990, 1995, 1998, 2007, 2015"Zubin Mehta dirigiert Neujahrskonzert 2015", Der Standard, 31 December 2013 Рикардо Мути, 1993, 1997, 2000, 2004, 2018,Riccardo Muti dirigiert das Neujahrskonzert 2018 2021, 2025 Николаус Арнонкур, 2001, 2003 Сеиџи Озава, 2002 Марис Јансонс, 2006, 2012, 2016"Mariss Jansons dirigiert Neujahrskonzert 2016", ORF, 1 January 2015 Жорж Претр, 2008, 2010 Даниел Баренбојм, 2009, 2014,"Barenboim dirigiert Neujahrskonzert 2014", Der Standard 2022 Франц Велзер Мест, 2011, 2013, 2023 Густаво Дудамел, 2017 Кристијан Тилеман: 2019, 2024 Андрис Нелсонс, 2020 Јаник Незе-Сеген: 2026
Посетеност
Концертот е популарен во Европа, а од неодамна и во целиот свет. За карти, потребно е посетителите да се регистрираат цела година однапред. Некои од седиштата се резервирани за австриски семејства со генерации. Концертот се емитува на телевизија преку австрискиот национален сервис „ОРФ“ од 1989 година. Исто така концертот се пренесува и на бројни радио станици низ Европа, САД и низ светот. Концертот на 1 јануари 2021 година се одржа без посетители.
Наводи
Надворешни врски Историја на новогодишниот концерт, Виенска филхармонија Информации (на германски јазик) , ОРФ Musikverein
Категорија:Нова година Категорија:Култура на Виена Категорија:Појавено во 1939 година