Девичка Река или Мала Река — река во Поречието, западна Македонија, помала лева притока на Треска која ја прима спротиводно на 76,7 км од својот влив. Извира на источните падини на планината Песјак на надморска височина од 1.595 м, се влева во Треска на 515 м кај селото Девич.

Физички особености Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 9,1 км, а минималната должина е 8,0 км. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот е доста висок и изнесува 1.080 м а просечниот е исто така висок и изнесува 118,7‰. Вкупната должина на водоразделната линија и изнесува 19,5 км а сливот зафаќа или 1,1% од вкупната површина на сливот на реката Треска.

Течение Реката извира меѓу врвите Седлар и Стари Говедарник на планината Песјак, западно од с. Грешница и северозашадно од с. Требино. Тече стрмно надолу под возвишенијата Црквиште и Долно Ќафе во североисточен правец и по Свештенички Рид свртува во југоисточен правец, одминувајќи го селото Грешница на север. Потоа реката стрмно се спушта продолжува под ридот Вртешка од десната страна и меѓу него и ридот Попец свртува на север, и веднаш потоа на исток. Тука ја прима реката Уча и продолжува во рамницата на с. Девич, поминува низ селото и потоа се влева во Треска, под возвишението Камениште од североисточна страна.

Долина Долината на Девичка Река е мошне стрмна. Во изворишниот дел е всечена во кристалести шкрилци и го пресекува појасот од плиоценски конгломерати и глини, а во долниот тек со тесни и кратки сатески се пробива низ доломитската зона.

Поврзано Попец Девини Кули Песјак

Наводи

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Треска Категорија:Порече Категорија:Општина Македонски Брод Категорија:Грешница (Порече) Категорија:Девич