Безимјани ( - безимен) — активен стратовулкан на полуостровот Камчатка, Русија. Се сметал за изгаснат до 1955 година, па оттаму и не добил име,постојано во сенка на некои други вулкани како соседниот, Кључевскаја. Активноста му почнала во 1955 година, кулминирајќи во драматична ерупција на 30 март 1956 година. Оваа ерупција, слична на онаа на планината Сент Хеленс во 1980 година, произвела голем кратер во форма на потковица, формирана при колапсот на врвот и поврзаната латерална експлозија. Потоа се создала лавина купола со повремена експлозивна активност и пирокластични текови, кои во голема мера го исполниле кратерот во 1956 година. Оттогаш вулканот речиси континуирано избувнува, а најновата ерупција била забележана во декември 2017. Неговите типични избуви најќесто се експлозивни.
Ерупција со текови на лава се случила во февруари 2013. Во 2013 година имало максимален број на ерупции што некогаш биле забележани на полуострвот Камчатка, од почетокот на 20 век. Од почетокот на годината на Камчатка биле следени ерупциите на девет огнени планини. Слично се случило и во 1945 година, но тогаш научниците прателе ерупции на само шест вулкани. Поставениот рекорд се однесува само на бројот.
Во поглед на интензитетот и јачината, како најсилни се издвојуваат ерупциите во 1956, 1964 и 1975-1976 година, кога се случиле катастрофалните ерупции на вулканот Безимјани и Шивелуч, а воедно и многу силната ерупција на вулканот Плоски Толбачик.
Потекло Новиот Безимјани вулкан, многу помал од неговите масивни соседи Камен и Кључевскаја Сопка, се формирал околу 4700 години над комплексот од лавини куполи и праисторискиот вулкан изграден пред околу 11,000–7000 години во доцниот Плеистоцен. Во минатите 3000 години имало три периоди на позасилена активност. мини|Темна лава по источната падина на вулканот Безимјани на Камчатка, септември 1990 .
Опис Безимјани се наоѓа на југоисточната падина на угасениот вулкан Камен. Овие два вулкани се одделени со високо, тесно седло. Источните и западните падини на Безимјани се пресечени од две широки и коси долини. Неколку лавини текови може да се најдат на горните делови од неговите падини. Тој е со пониска надморска височина и долж јужната и западната негова страна, се протегаат куполи. Безимјани се наоѓа на гребенот кој се протега од североисток кон југозапад. Голем дел од вулканот е составен од дебела маса на светлосив хорнбленд и андезит. Повеќето од овие лави на долните падини на Безимјани се покриени со лабави пирокластични наслаги.
Безимјани се градел во неколку фази. За време на подоцнежна фаза, на врвот на вулканот се формирал експлозивен кратер. Многу текови на лава, составени од потемни аугитни андезити кои потекнуваат од кратерот, делумно достигнуваат до дното на вулканот. Со тек на времето, помали ерупции продолжиле и формирале мали вулкански конуси на јужните и западните падини на вулканот. мини|Еруптивни вулкани на Камчатка: Безимјани, Кључевскаја Сопка и Шивелуч
Ерупција Вулканот се разбудил во 1955. Околу 29 септември 1955, бројни земјотреси се чувствувале под вулканот. На 22 октомври вулканот почнал да еруптира, исфрлајќи 5-8 км вулкански материјал во воздухот. Во вулканот се создал притисок кој ја подигнал старата купола 100 метри. МекдоналдMacdonald, G.A., 1972, Volcanoes: Prentice-Hall Inc., Englewood Cliffs, New Jersey, 510 p., ја користел студијата на Горшков (1959) за да ја опише климатската ерупција: Ваквиот опис на ерупцијата е скоро идентичен со оној при ерупцијата на Сент Хеленс во 1980 година. По климатската ерупција, активноста на Безимјани се ограничила само на растот на куполата на кратерот Нови. Растот на куполата бил проследен со бројни експлозивни епизоди. Од ерупцијата во 1955-57 година чиј вулкански експлозивен избув бил VEI 5, Безимијани избувнал 34 пати. Ерупциите се јавуваат еднаш или двапати годишно.
Галерија
Поврзано Список на вулкани во Русија
Литература Bogoyavlenskaya, G.Y., and Torley, R., 1982, 25 years of activity at Bezymianny: Volcano News, no. 13, p. 6-7. Macdonald, G.A., 1972, Volcanoes: Prentice-Hall Inc., Englewood Cliffs, New Jersey, 510 p. SEAN Bulletin, 1986, Smithsonian Institution, Washington, D.C., v. 11, no. 4, p. 1-28. Simkin, T., and Siebert, L., 1994, Volcanoes of the World: Geoscience Press, Tucson, Arizona, 349 p. Smithsonian Institution's Global Volcanism Network, 1995, Summary of Recent Activity: Bulletin of Volcanology, v. 56, p. 675-680. Vlodavetz, V.I. and Piip, B.I., "Catalogue of the Active Volcanoes of the World Including Fields: Part VIII, Kamchatka and Continental Areas of Asia,"International Volcanological Association, Napoli, Italy, 110 pp., 1959.
Наводи
Надворешни врски
Вулканска опсерваторија на Алјаска Безимјани - камера во живо Холоценски вулкани на камчатка / Безимјани Google Maps сателитска слика Информација за Безимјани (руски) Еруптивна историја на вулканот: http://www.volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=300250 :
Категорија:Активни вулкани Категорија:Вулкани во Камчатскиот крај Категорија:Вулкани во Русија