Тихомир Шаревски ( во — во ) — македонски учесник во НОБ и генерал-полковник на Југословенската народна армија.

Животопис

Тихомир Шаревски е роден на 15 април 1921 година во село Леуново, Мавровско. Основно училиште завршил во родното село и во Гостивар, а со средно образование се здобил во Тетово и во Охрид. Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење.

Својот активизам и дело го започнува во 1941 година кога се приклучува на месен комитет на Сојузот на комунистите на Југославија. По одреден период се истакнува и станува заменик-командир, потоа и командир на чета. Во 1944 година со формирањето на Прва македонска ударна бригада станува нејзин командант.

По Втората светска војна достига чин генерал-полковник во СКЈ. Своето пензионирање го дочекува во 1981 година.

Умира на 2 февруари 2004 година во Скопје.

Наводи

Категорија:Македонски партизани