Глаголот е една од најспецифичните црти на старословенскиот јазик. Слично како при промената на именските зборови, и глаголите изобилуваат со форми. Некои од категориите и формите што ги пројавува глаголот се исклучиво словенски, други пак индоевропски. Според информацијата којашто ја носи, глаголот ги има следниве категории: Број: еднина, двоина, множина; Време: Прости времиња: сегашно (презент), минато определено несвршено (имперфект) и минато определено свршено (аорист) Сложени времиња: минато неопределено (перфект), предминато (плусквамперфект) и идно определено (футур егзактен); Вид (аспект): глаголите се поделени на свршени (перфективни) и несвршени (имперфективни); Лице: постојат три лица во сите три броја со (најчесто) строго различни завршетоци; Начин: исказен (индикатив), заповеден (императив), условен (кондиционал);

Покрај наведените категории, постојат и следниве именски форми на глаголот: инфинитив, супин и глаголска именка; Партиципи, вкупно пет: партицип на презентот активен, партицип на презентот пасивен, партицип на претеритот активен прв, партицип на претеритот активен втор, партицип на претериото пасивен;

Поделба на глаголите Старословенските глаголи имаат две основи: презентска основа (или основа на сегашното време) и инфинитивно-аористна основа (основа на инфинитивот). Според формите на овие две основи е извршена и поделба на глаголите во пет конјугации (групи):

Првата конјугација ја сочинуваат глаголи чија инфинитивна основа завршува на согласка или на непостојано -а- кое при личната промена се губи, а тематска согласка на презентската основа е -е-: нес-ти, нес-е-ши = донесе реш-ти, реч-е-ши (<*rek-ti, <*rek-e-ši) = рече мош-ти, мож-е-ши (<*mog-ti, <*mog-e-ši) = може зъва-ти, зов-е-ши = повикува пасти, пад-е-ши (<*pad-ti) = падне

Мала група на глаголи чија инфинитивна основа завршува на -- спаѓаат во оваа конјугација. При нивната презентска основа оваа самогласка преминува во -ов- или -ев- (ако ѝ претходи мека согласка!). Така имаме: слти-словеши (=ословува), плти-пловеши (=плива), трти-тровеши (=труе), рюти-ревеши (=рие).

Напомена: кај глаголите чија инфинитивна основа завршува на к, г или х се врши палатализација (речеши, можеши). Глаголите кои имаат ер во инфинитивната основа (слаба коренова самогласка), во презентската се огласува (преминува во посилен степен). Така имаме зъвати-зовеши, бьрати-береши (=бере), жьдати-жидеши (=чека).

Втората конјугација ја сочинуваат глаголите кај кои пред инфинитивниот завршеток -ти стои групата -н- која кај презентската основа преминува во -не-: двиг-н-ти, двиг-не-ши = помести ми-н-ти, ми-не-ши = мине потък-н-ти (с), потък-не-ши = се сопне

Третата конјугација ја сочинуваат глаголи чија презентска основа завршува на -је-, а според завршетокот на инфинитивната основа може да се подели на следниве подгрупи: а) Инфинитивна основа еднаква на коренот и завршува на: , и, ъı, или а: сти (=сее), пити (=пие), кръıти (=крие), чти (=чуе), знати (=знае)

б) Инфинитивната основа завршува на -а- кое при презентската основа се губи: глагол-а-ти, глагол--ши (=зборува), плак-а-ти-плач-е-ши (=плаче, <*polk-je-ši)

в) Инфинитивната основа завршува на -ова- кое кај презантската основа преминува во --: радовати (с)-радши, кповати-кпши, вровати-врши

Четвртата конјугација ја сочинуваат глаголи чија презентска основа има тематска самогласка -и-, додека инфинитивната основа им завршува на -и- или на -ѣ-: мол-и-ти, мол-и-ши, вид--ти, вид-и-ши. Напомена: во 1. лице еднина може да се врши и палатализација: врат-и-ти, врат-и-ши, но: вра-шт- (<*vor-t-j, t+j>št)! Слично и: просити-прош (<*pro-s-j, s+j>š).

Во оваа конјугација спаѓаат и глаголите чија инфинитивна основа завршува на -а- пред кое стои мека согласка. Историски, завршетокот -а- се развил од кој по извршената палатализација се повлекол кон а: леж-а-ти, леж-и-ши (<*leg-ĕ-ti), бж-а-ти, бж-и-ши (<*'bĕg-ĕ-ti).

Петтата конјугација ја сочинуваат пет атематски глаголи (без основна самогласка): всти (=знае), ıасти или сти (=јаде), имти (има, зема, фаќа), бъıти (=сум, е) и дати (=даде).

I к.II к.III к.IV к.V к.инфинитив3 л. едн. сг.инфинитив3 л. едн. сг.инфинитив3 л. едн. сг.инфинитив 3 л. едн. сг.инфинитив3 л. едн. сг.-сти-е--нѫти-не--ати-је--ити-и-атематски глаголи

Прости глаголски форми

Сегашно време (презент) Сегашното време, логично, се гради од презентската основа со додавање на следниве наставки:

Ед. Дв. Мн. 1. л. - -в -мъ2. л. -ши -та -те3. л. -тъ -те -тъ / -тъ

Глаголите од првата, втората и третата, како и глаголите бъıти и имти од петтата конјуација ја добиваат наставката -тъ за 3. лице множина; глаголите од четвртата конјугација, како и останатите три глагола од петтата конјугација, ја добиваат наставката -тъ. Исто така, глаголите од петтата конјугација имаат наставка -мь и -си за 1. и 2. лице еднина соодветно, како и -ста и -сте (наместо -та и -те) за 2. и 3. лице двоина соодветно, правило од кое отстапува само глаголот имти.

Парадигмата на глаголите мошти (I к.), скнти (II к.), знати (III к.), водити (IV к.) и имти (V к.) е следнава:

БројЛицеI к.II к.III к.IV к.V к.моштискнти знати водити имтиЕд. 1. л.2. л.3. л. Дв. 1. л.2. л.3. л. Мн. 1. л.2. л.3. л.

Презентот има две главни значења: Формите на сегашното време од несвршените глаголи означуваат дејствија едновремени со моментот на зборување; Формите на сегашното време од свршените глаголи означуваат идни дејствија, т.е. презентот од свршените глаголи има улога на идно време - футур. На пример:

...и рече се сътвор, разор житьниц мо и больш съзижд и събер т вьсıа жита моıа и вьсе добро мо, то рек дши мои ıако дше имаши мъного добро лежште на лта мънога...

(...и рече еве, вака ќе сторам, ќе ги урнам моите амбари и ќе соѕидам поголеми и ќе го зберам тука сето жито мое и добра мои, та ќе ѝ речам на душава моја: душо имаш многу добра приготвени за многу години... Лука 12:16)

Минато определено несвршено време (имперфект) Формите на минатото определено несвршено време се градат од инфинитивната основа со помош на вметоците -- или -ıа- (=ја!) и наставките:

Ед. Дв. Мн. 1. л. -ахъ -ахов -ахомъ2. л. -аше -ашета -ашете3. л. -аше -ашете -ах

Глаголите чија инфинитивна основа завршува на -а- или --, директно ги добиваат наставките (глаголаахъ, глаголааше итн.) Кај глаголите чија инфинитивна основа завршува на согласка се вметнува --. Ова важи и за глаголите од втората конјугација за кои се смета дека основата им завршува на -н-! Доколку основата завршува на к, г или х заради јатот се врши палатализација при што тој се повлекува кон а; така глаголот пешти (<*pek-ti) има форми: печаахъ (<*pek-ě-axŭ), печааше (<*pek-ě-aše) итн. Кај глаголите од четвртата конјугација (чија инфинитивна основа заврштува на и) се вметнува -ıа- при што редовно се јавува палатализација на последната согласка (или согласничка група!) од основата; така глаголот носити има форми: ношаахъ (<*nos-ja-axŭ), ношааше (<*nos-ja-aše) итн., додека глаголот любити има форми: люблıаахъ (<*ljub-ja-axŭ), люблıааше (<*ljub-ja-axŭ) итн.

Парадигмите на глаголите плти (=плива, I к.), минти (=мина, II к.), глаголати (=зборува, говори, III к.), просити (=бара, IV к.) и бъıти (=сум, V к.) е следнава:

БројЛицеI к.II к.III к.IV к.V к.плти минти глаголатипроситибъıтиЕд. 1. л.2. л.3. л.Дв. 1. л.2. л.3. л.Мн. 1. л.2. л.3. л.

Помошниот глагол бъıти може да има скусени форми: бхъ, б, б, бхов, бшета, бшете, бхомъ, бшете, бх.

Имперфектот означува минати дејствија кои не се фиксни во еден минат момент, туку трајни: најбитна информација која ја носи имперфектот е дека дејствието траело определен период во минатото, дека се одвивало во некоја дадена временска рамка. За ваква цел тој се гради од несвршените глаголи. Свршените, пак, глаголи градат имперфект за да означат дејствие кое повеќепати завршувало во минатото, т.е. посочуваат повторливо, но завршено дејствие.

Минато определено свршено време (аорист) Во старословенскиот јазик се разликуваат три типа на аорист: прост (јак или асигматски) сигматски постар (или сигматски прв) сигматски понов (или сигматски втор)

Аористот, општо, означува минато, завршено дејствие чие траење во минатото не е прецизирано: најбитната информација на ова време е дека дејствието завршило во некој минат момент. Го градат и свршени и несвршени глаголи, што не е случај со македонскиот; ова е затоа што историски аористот е пред сѐ глаголски начин, а не глаголско време.

Асигматски аорист Асигматскиот аорист бил во фаза на напуштање во времето на св. Кирил, па затоа се среќава кај мал број глаголи; тоа се глаголите од првата и втората конјугација чија инфинитивна основа завршува на согласка (ити, решти, мошти, пасти, плести; двигнти, минти, исъхнти, тонти и сл.).

Напомена: во втората конјугација како за основа се зема делот од инфинитивот без карактеристичниот вметок -н-. На добиената основа се додаваат следниве наставки:

Ед. Дв. Мн. 1. л. -ъ -ов -омъ2. л. -е -ета -ете3. л. -е -ете -

Напомена: доколку основата завршува на к, г или х, редовно се врши палатализација!

Парадигмата на глаголите решти (<*rek-ti) и двигнти е следнава:

БројЛицерешти двигнти Ед. 1. л.рекъдвигъ2. л.речедвиже3. л.речедвижеДв. 1. л.рековдвигов2. л.речетадвижета3. л.речетедвижетеМн. 1. л.рекомъдвигомъ2. л.речетедвижете3. л.рекдвиг

Сигматски аорист прв Сигматскиот аорист прв се гради, како што посочува и самото име, со помош на формансот * -s- и личните наставки. Наставките се:

Ед. Дв. Мн. 1. л. -съ -сов -сомъ2. л. - / -е -ста -сте3. л. - / -е -сте -с

Но, само ограничен број на глаголи градат аорист со помош на овие наставки. Тоа е поради една фонетска промена карактеристична за старословенскиот, неформално наречена ruki - закон; имено според овој закон ако пред -*s- стои некоја од слогласките: *r, *u, *k или *i, тогаш има премин *s > *x (т.е. с > х), па така се јавуваат форми: молихъ, чхъ, бъıхъ (< *bū-s-), рхъ (< *rek-s-) итн. Подоцна, сите глаголи развиле вакви форми по аналогија, па повеќето глаголи градат сигматски аорист прв со следниве наставки:

Ед. Дв. Мн. 1. л. -хъ -хов -хомъ2. л. - / -e -ста -сте3. л. - / -e -сте -ш

При формирањето на аористот кај едносложните глаголи се јавува превој на кореновата самогласка (превој), во случајов негово вдолжување, и тоа: о > а, е > , ь > и и ъ > ъı. Глаголите кои имаат ваков превој, ја испуштаат последната согласка од основата пред да ги добијат личните наставки.

Сигматски аорист прв со форми на -с- имаат следниве глаголи: ти - съ (зема, фаќа), начти - начсъ (почне), нести - нсъ (донесе), вести - всъ (доведе), чисти - чисъ (прочита), бости - басъ (избоде), ıасти - ıасъ (изеде) итн.

Парадигмите на: бости (=боде, < *bod-ti), решти (=рече, < *rek-ti), родити (=роди), знати (=знае) и дати (=даде) се следниве:

БројЛицебости решти родити знати дати Ед. 1. л.басърхъродихъзнахъдахъ2. л.бодеречеродизнадастъ3. л.бодеречероди знадастъДв. 1. л.басоврховродиховзнаховдахов2. л.бастарстародистазнастадаста3. л.бастерстеродисте знастедастеМн. 1. л.басомърхомъродихомъзнахомъдахомъ2. л.бастерстеродистезнастедасте3. л.басршродишзнашдаш

Напомена: некои глаголи, особено едносложните со инфинитивна основа која завршува на самогласка, може во 2. и 3. лице еднина да добијат наставка -(с)тъ, која е пренесена од сегашното време; такви се глаголите: дати, бъıти, пити, начти и др.

Сигматски аорист втор Сигматскиот аорист втор се појавува во доцните старословенски книжевни наоди, па затоа се нарекува и сигматски аорист понов. Современиот македонски аорист води потекло токму од тука. Се образувал со наставките на првиот сигматски аорист на -х- кои директно ѝ се додавале на основата ако таа завршувала на самогласка, или пак, се вметнувало едно -о- меѓу основата и наставките ако таа завршувала на согласка, а формите за 2. и 3. лице еднина по правило биле асигматски. Најчесто го имале глаголите од првата и втората конјугација. Парадигмата на глаголот решти е следнава:

Ед. Дв. Мн. 1. л. рекохъ рекохов рекохомъ2. л. рече рекоста рекосте3. л. рече рекосте рекош