Мишино — историско село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Денес, тоа е маало на селото Небојани.

Географија и местоположба Мишино се наоѓа високо на Осоговските Планини, северно од градот Кочани.

Историја Во септември 1910 година, селото настрадало во разоружувачка акција на младотурците и 96 жители на Мишино и Долги Дол пребегале во Бугарија.Дебърски глас, година 2, брой 24, 2 октомври 1910, стр. 4.

Во Првата балканска војна, 1 лице од селото било доброволец во Македонско-одринските добороволни чети.Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 863. По Првата балканска војна, селото било припоено кон Небојани.Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том 5, Прилеп, Архив на Македонија, 1988, стр. 286.

Население Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мишино живееле 35 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мишино имало 40 жители Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Самоуправа и политика Во XIX век, Мишино било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Личности Починати во Мишино Стефан Мандалов (1875-1903) — македонски револуционер и војвода на ВМРО.

Поврзано Небојани Чеперник

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † †