Дублино — историско село во Општина Демир Капија, Македонија. Денес, во месноста има обработливи површини и се наоѓа во атарот на селото Бистренци.
Географија и местоположба
Дублино се наоѓало под селото Бистренци, скоро допирајќи се со него, над устието на Дублинска Река во Вардар. Во атарот извираат изворите Стубулски и Белачки, а во самото село имало чешма и повеќе бунари.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Бела Земја, Јаловици, Голобове, Острика, Слатина, Копанец, Строшка, Млачиште и Долна Лака.
Селото имало збиен тип, поделено на четири маала: Вардарско, Прекоречко, Средно и Календеровско.
Историја
Во Дублино имало христијанско население, кое до 1913 година живеело на чифлик под Прекоречко Маало, додека над Белачкиот извор се наоѓало црквиште и гробишта. Христијаните таму давале курбан за време на зимскиот Св. Атанас.
Стопанство
Селаните главно се занимавале со земјоделство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дублино имало 50 Македонци христијани и 250 Македонци муслимани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 155.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Дубљани (Dubljani) како македонско муслиманско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Родови
Дублино било муслиманско македонско село.
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се: Староседелци: Аличковци (4 к.), Мола-Мамутовци (1 к.), Алдовци (1 к.), Хаџи-Тајнрагини (4 к.), Хаџи-Усковци (1 к.), Ајлевци (2 к.), Матуховци (2 к.), Абдишовци (2 к.), Халилковци (2 к.), Чаушовци (2 к.), Јашковци (1 к.), Гуријовци (1 к.), Календеровци (2 к.) и Краповци (1 к.). Доселеници: Баловци (1 к.), доселени се од Бесвица околу 1870 година; Маренци (1 к.), доселени се од селото Марена околу 1870 година; Муаџировци (1 к.), побегнале од Бела Слатина, кај Ораовец, Бугарија во 1878 година; Хасанковци (1 к.), Абдил домазет во Хаџи-Усковци од Војшанци се доселил во 1890 година; Топчијовци (1 к.), Ибраим домазет во Хаџи-Усковци од Прждево се доселил во 1897 година; Кошаровци-Рифкини (3 к.), доселени се од селото Прждево во 1902 година; Мола-Аметовци (1 к.), доселени се од селото Бистренци во 1903 година; Мола-Насафци (1 к.), доселени се од селото Корешница во 1907 година; Фератовци (2 к.), доселени се од селото Бистренци во 1907 година; Масарлијовци (1 к.), Ибраим домазет во Баловци од Корешница се доселил во 1912 година; Суловци (1 к.), доселени се од селото Барово во 1912 година, по потекло од Долни Дисан; Салаовци (1 к.), побегнале од Бесвица во 1913 година, кога селото било запалено; Шилковци (1 к.), доселени се од селото Бистренци во 1914 година; Хасановци (1 к.), доселени се од селото Барово во 1914 година; Мендаковци (1 к.), доселени се од селото Прждево во 1915 година; Амеќовци (1 к.), доселени се од Долни Дисан во 1916 година; Чинаровци (1 к.), дошле од селото Тимјаник во 1916 година; Бековци (1 к.), Абдил домазет во Аличковци од Бесвица доселен во 1916 година; Тапанаровци (1 к.), дошле како аргати од Прждево во 1918 година; Ушиновци (1 к.), Мустафа домазет во Мола-Мамутовци од Бистренци доселен во 1918 година; Фејзовци (1 к.), доселени од селото Тимјаник во 1918 година; Ќошковци (1 к.), Али домазет во Ајгеровци од Долни Дисан доселен во 1919 година; Гаревци (1 к.), доселени од Бистренци во 1919 година и Алисовци (1 к.), доселени од Барово во 1921 година. Турски Цигани: Доселени: Демировци (1 к.), дошле како ковачи од Прждево во 1916 година.
Самоуправа и политика
Во век, Дублино било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.
Наводи
Поврзано Црква „Св. Петка“ — блиска црква
Надворешни врски
Категорија:Историски села во Македонија † † † Категорија:Бистренци