Тордарирна (исландски: Þórðarhyrna ) — еден од седумте Figure 2.8 shows 7 volcanoes beneath the glacier вулкани под ледникот Ватнајекидл во Исланд.

Тордарирна централниот вулкан бил умерено активен во тек на Холоценот. Тој е најнеактивниот централен вулкан во Гримсветн-Лаки вулканскиот систем. Сместен е околу 20 километри југозападно од централниот вулкан Гримсветн со кој е поврзан преку сублацијален планински гребен. Централниот вулкан Тордарирна е со обем од 15 километри и се издигнува на 1660 м. Покриен е со 100-700 метри дебелиот мраз на ледникот Ватнајекидл.

Ерупции Вулканот за последен пат еруптирал во 1910 а претходно во 1903. Eruptions in Iceland since 1900 Ерупцијата во 3550 BC +/- 500 година исфрлила 150,000,000 кубни метри лава во областа Бергватнсархраун на југ од Тордарирна. Во 1887 до 1889 имало ерупција со вулкански експлозивен индекс (VEI) 2. Во март 2017 во вулканот била почувствувана сеизмичка активност. Најголемиот земјотрес бил со магнитуда 2,5. Научниците немаат доволно податоци за овој вулкан. Неговата вулканска активност во минатото била врзана со онаа на Гримсветн а еруптивната сила при ерупцијата во 1902 била со вулкански експлозивен индекс (VEI) 4 Геологија Постои механичка интеракција меѓу Тордарирна и Гримсветн, макар што овие вулкани се релативно оддалечени еден од друг, па затоа ерупцијата во 1902-1904 била во комбинација со ерупција од вулканот Гримсветн со вулкански експлозивен индекс (VEI) 4. Има пореметување(N.35°W) од Тордарирна до Хамарин кое ги раздвојува двете различни тектонски области. Surface and bedrock topography mapped by radio echo sounding

Поврзано Список на вулкани во Исланд

Наводи

Категорија:Вулкани во Исланд