Копенбриге () — слободна општина во округот Хамелн-Пирмонт, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 15 километри источно од Хамелн.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Географија Местоположба
Местото се наоѓа на северниот крај од Ит, околу 15 километри источно од Хамелн.
Соседни општини
Копенбриге се граничи на север со градот Бад Миндер, на североисток со градот Шпринге, на југоисток со општината Залцхемендорф, на југ со општината Хале, на југозапад со општината Емертал и на запад со градот Хамелн.
Општински единици
Општината се состои од следниве 12 единици: Бенторф Берензен Бесинген Бишпероде Бринигхаузен Копенбриге Дидерзен Дерпе Хардероде Херкензен Хонзен Маринау
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хамелн-Пирмонт