Димитар Љоровски Вамваковски (Скопје, 12 декември 1981) — македонски историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон историјата на Балканот во доцноосманлискиот период, со посебен осврт кон историјата на Грција во XIX и почетокот на XX век, грчката политика кон османлиска Македонија и Македонското револуционерно националноослободително движење.

Животопис

Димитар Љоровски Вамваковски е роден во 1981 година, во Скопје, Р Македонија. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје во 2005 година. Во 2009 година се вработил во Институтот за национална историја - Скопје како помлад асистент. Магистрирал 2009 година, а докторската дисертација ја одбранил 2013 година, кога бил избран за доцент. Во 2016 бил избран за вонреден професор.

Библиографија

До 2017 година има објавено две монографии и околу 40 научни статии и голем број публицистички текстови. Има учествувано и на голем број научни симпозиуми и конференции. Политичката реалност и изумирањето на митот за Давид и Голијат: Македонија и Грција на Балканот. Скопје, 2014 година. Германос Каравангелис: Грчката пропаганда во Костурската епархија (1900-1903). Скопје, 2017 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Македонски историчари Категорија:Радишани