Колумбо — активен подводен вулкан кој се наоѓа во Егејско Море во Грција. Вулканот се наоѓа на 8 километри североисточно од островот Санторини,Ref. University of Rhode Island: Kolumbo.

Колумбо е вулкан со најголем конус во Европа, со пречник од 3 километри и 1,5 километри заедно со купата. Во близина на овој подводен вулкан има уште околу 20 помали активни подводни вулкански жаришта, кои заедно го формираат прстенот во форма на синџир од вулкани на Санторини.

Колумбо бил откриен во 1649-1650 година, благодарение на „нарушувањето“ на површината на морето. Избувнувањето во овие години било доволно за да се направи веднаш аналогија со опишаното во антиката ерупција на Санторини.

Настанот во средината на 17 век останал незаборавен за неговите современици. Како резултат на експлозијата, околу 70 луѓе и многу животни умреле. Ерупцијата на вулканот предизвикала оштетување на околните острови на растојание од 150 километри. Како резултат од тоа избувнување, висината на Колумбо се намалила за 10 метри под површината на морето, но неговата активнос не престанува до денес.

Во 2006 година биле спроведени студии на вулканскиот подводен кратер, чија подморска височина е 505 метри, наспроти онаа на морското дно во соседството. Како резултат на студијата, било откриено дека кога избувнал во 1649 година, Колумбо испуштил во атмосферата околу 60 кубни метри магма, која е споредлива со онаа на Тамбора во 1815 година.

Наводи

Категорија:Подводни вулкани Категорија:Вулкани во Грција Категорија:Активни вулкани