Свети Атанасиј — главна манастирска црква на Градешкиот манастир во валандовското село Градец, Македонија.

Местоположба

мини|300п|лево|Црквата во 1931 година

Црквата се наоѓа на едно ритче над селото, лево од регионалниот пат 1102 (Скопје-Гевгелија).

Историја

Изградена е кон крајот на средниот век, но во текот на своето постоење била неколкупати обновувана.

Црквата била опожарена во 2001 година, кога изгорела до темел. Била обновена во нов стил во поново време.

Архитектура

Црквата е ниска градба. Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, чии сводови се покриени со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, потпрена на шест дрвени столбови.

Црквата е градена од обичен камен, во основата долга 14, а широка 8 метри.

Фрескоживопис

Ѕидовите на црквата биле покриени со фрески, од кои денес се сочувани само остатоци.

Икони и иконостас

Иконите датираат од XIX век.

Галерија

Поврзано Градец Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Валандовска парохија

Наводи

Надворешни врски

Градец Категорија:Градешки манастир