Гедиминас Орелик (литв: Гедеминас Ореликас; Шјауљај, 14 мај 1990) е литвански кошаркар, крило на Рејер Венеција.

Животопис Орелик има белоруско и полско потекло.

Кариера Во младите категории играл за Шјауљај, а во текот на сезоната 2006-2007 ги забележил првите минути со првиот тим на клубот. Потоа бил позајмен на тогашниот литвански второлигаш Мереста Пакруојис во сезоната 2008-2009. Сезоната 2009-2010 ја започнал во својот матичен клуб Шјауљају, но веќе во февруари 2010 се преселил во Пренај. Со оваа екипа го освоил Купот на Литванија во 2013 година, и исто така бил најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната 2012-2013 во Литванското првенство и во регионалната Балтичка лига. Во мај 2013 потпишал за Лиетувос ритас и во дресот на овој клуб ги поминал следните три сезони. Во сезоната 2016-2017 за првпат ја напуштил својата родна Литванија и се преселил во турскиот Банвит, со кој го освоил Купот на Турција. Тој исто така играл со клубот во финалето на првото издание на ФИБА Лигата на шампионите, во кое уфрлил 13 бода но неговиот Банвит бил поразен со 59-63 од Иберостар Тенерифе.

Во јули 2017 потпишал едногодишен договор со екипата на Рејер Венеција.Umana Reyer Venezia, ufficiale l'ingaggio delì'ala lituana Gediminas Orelik legabasket.it Во второто коло од Италијанската Серија А, Орелик го постигнал победничкиот кош за Рејер во успехот со 79-78 над Тренто на 14 секунди до крајот; Тој исто така бил најефикасен играч на натпреварот со 24 бода.

Успеси Клупски Пренај Куп на Литванија (1) : 2013

Лиетувос ритас Куп на кралот Миндовго (1) : 2016

Банвит Куп на Турција (1) : 2017

Поединечни Идеален тим на ФИБА Лигата на шампионите - втора постава (1) : 2016-2017 Најкорисен играч на Балтичката лига (1) : 2012-2013 Најкорисен играч на Литванското првенство (1) : 2012-2013

Наводи

Надворешни врски

Гедиминас Орелик на Eurobasket.com Гедиминас Орелик на basketball.realgm.com Гедиминас Орелик на legabasket.it

Категорија:Литвански кошаркари Категорија:Живи луѓе Категорија:Играчи на КК Лиетувос ритас Категорија:Играчи на КК Банвит Категорија:Играчи на Рејер Венеција Категорија:Родени во 1990 година