Македонски јазик — источно јужнословенски јазик,Македонски јазик и литература. Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици.Poljakov Oleg. The dialectology of Slavic. In: Klein Jared, Joseph Brian, Fritz Matthias., editors. Handbook of comparative and historical Indo-European linguistics . Vol. 3. Berlin & Boston: De Gruyter Mouton; 2018. pp. 1585–1600.Jouko Lindstedt, "Balkan Slavic and Balkan Romance: from congruence to convergence" in Besters-Dilger, Juliane & al. (eds.). 2014. Congruence in Contact-induced Language Change. Berlin – Boston: De Gruyter. ; pp. 168–183. дел од групата словенски јазици од јазичното семејство на индоевропски јазици. Македонскиот е службен и национален јазик во Македонија, а воедно е и официјално признат како регионален службен јазик во Горица и Пустец во Албанија каде што живее бројно македонско население, но и во Србија како официјален во општините Јабука и Пландиште, Романија и Косово. Македонски се зборува и во Австралија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Црна Гора, Турција, во некои земји−членки на Европската Унија и останатата македонска дијаспора. Вкупниот број на македонски говорници е тешко да се утврди поради несоодветни пописи, но бројката се движи од околу 2,5 до 3 милиони луѓе.
Иако спаѓа во групата на словенски јазици, македонскиот во текот на својот историски развој, како резултат на повеќевековни допири и влијанија со соседните јазици, како што се грчкиот, албанскиот и ароманскиот, развил некои заеднички граматички, синтаксички и фонолошки карактеристики со овие несродни јазици. Овие јазици го сочинуваат Балканскиот јазичен сојуз.
Според ценетиот јазичарички извор Etnologue, македонски се зборува и во југозападниот дел на БугаријаЈазици во Бугарија:EthnologueMinority Rights in Bulgaria, The Bulgarian Helsinki Committee, September 1999 и Северна Грција, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Британика и УНЕСКО.
Историја
Јазикот според јазичаричката категорија спаѓа во групата на источните јужнословенски јазици со Бугарскиот јазик и Торлачките дијалекти.Balkan Syntax and Semantics, John Benjamins Publishing, 2004, , The typology of Balkan evidentiality and areal linguistic, Victor Friedman, p. 123. На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња ја населувале територијата на етничка Македонија, па се длабоко во териториите на денешните Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнал да се заменува со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во Мала Преспа, Голо Брдо и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во Приморска Македонија, македонскиот јазик се зборува најмногу во префектурите Воден и Лерин но и во другите градови и села во Приморска Македонија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во Пиринска Македонија (од помалку од 1 % од населението во современите политичко-општествени околности)Попис 2001 а во Србија се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во Косово.
Канонски период (IX — XI в.)
лево|мини|Вокализацијата на еровите во силна позиција е една од најраните карактеристики (уште во 10 век) што го означува почетокот на издвојувањето на македонските од соседните јужнословенски говори Овој период е поврзан со почетниот период на развитокот на словенската писменост воопшто. Временски него го сместуваме меѓу втората половина на 9 в. и, најдоцна, првата половина на 10 в. Тоа е времето кога се создадени текстовите на првите преводи од грчки на старословенски односно на црковнословенскиот јазик, како и времето кога овие текстови се умножуваат со препишување. Се работи за преписи на старословенски (канонски) текстови што доследно го следат јазикот и стилот на првите преводи.Spasov, L. (2019). Периодизација на историјата на македонскиот писмен јазик и неговата стандардизација во дваесеттиот век. Philological Studies, 5(1), 229-235. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/765
Во поглед на фонологијата, македонските говори рано почнале да развиваат извесни црти што ги изделуваат како целост во однос на говорите на соседните јужнословенски јазици. Една таква црта e замената на силните ерови, и тоа: ъ > o, ь > e (сон, темно), настаната во 10 век и застапена во старословенските текстови од македонско потекло. За разлика од македонскиот, во српскиот и хрватскиот јазик овие ерови се слеале во еден глас — а (сан, дан), а додека во бугарскиот се слеале во Ъ со таа разлика што пред Ь се чувал мекиот изговор на согласката (сън, дън).
Македонска редакција на црковнословенскиот јазик (XII — XIII в.) лево|мини|Деназализација на носовките во македонската редакција на црковнословенскиот јазик Македонските говори околу Солун биле основата за формирање на старословенскиот јазик и писменост. Тоа што ја карактеризира историјата на македонскиот јазик е неговата коренита промена што настанала од X век па навака. Слични промени ги зафатиле и бугарскиот јазик и источните дијалекти на српскиот јазик. Тие темелни промени довеле до мала споделба на граматички црти помеѓу старословенскиот и македонскиот јазик, па како резултат на тоа се создала Македонската рецензија на старословенскиот јазик. Познати центри на Македонската рецензија се Охридската книжевна школа, Кратовската книжевна школа и Лесновската книжевна школа.
Во јазичен поглед, ракописите од македонската варијанта се надоврзуваат на старословенските ракописи настанати во Македонија. Основна карактеристика на македонската варијанта е традиционалноста. Таа доаѓа до израз, пред сè, во писмото. Иако се случила промена во употребата на азбуката, и наместо глаголицата се наложила кирилицата, во македонските ракописи дури и во XIII век се среќаваат цели редови со глаголица. Пример за тоа е Битолскиот триод.
Основна правописна карактеристика на македонската варијанта е позната под името мешање на носовките. Имено во македонските ракописи се наложува посебно регулирање на носовките зад меките согласки. Така, зад ш, ж, ч, ц, ѕ, како и зад ј се пишувала голема носовка (ѫ) наместо мала (ѧ), а зад н', р', л', с' се пишувала мала носовка наместо голема.
Навлегување на српската редакција мини|лево|Губење на широкиот изговор на јат во македонскиот јазик Третиот период на развојот на писмениот јазик во Македонија се поврзува со крајот на 13. и почетокот на 14 в., кога во Македонија (и тоа тргнувајќи од нејзиниот северен дел, па одејќи кон југ), навлегува српската редакција на црковнословенски јазик која во Македонија, во однос на јазикот и стилот, многу поретко се јавува во својот чист вид, бидејќи се меша со јазикот на традиционалната македонски писменост.
Од процесите заеднички за македонскиот и српскохрватскиот јазик од особено значење е депалатализацијата на консонантите, во што македонскиот отишол најдалеку од сите јужнословенски јазици. Замената ѣ >е претставува исто така црта што ги сврзува македонските со српските екавски говори (таа проникнала и во западнобугарскиот).
Нов период Четвртиот период од развојот на македонски писмен јазик е поврзан со почетокот на современиот македонски писмен јазик или, македонскиот книжевен јазик, врз народна современа (дијалектна) основа, во 16 в., кога се јавуваат текстови со црковнословенски и лаичка содржина подоцна именувани со заедничкиот наслов – дамаскини.
Почнувајќи од 18 в. кога во Македонија, преку ширењето на печатени книги од Русија, навлегува рускоцрковнословенската редакција, а со тоа и делумно и јазикот и стилот на оваа редакција во писмениот јазик.
Во првата половина на 19 в. во писмената практика се издвојуваат два стила на писмениот јазик: писмен јазик врз црковнословенска основа од мешан тип на руската, српската и македонската редакција во улога на висок стил и писмен јазик врз современа (разнодијалектна) основа и тој врши улога на низок стил. Освен ракописи пишувани на народен јазик со кирилско писмо, зачувани се и текстови пишувани на народен јазик, но со грчко писмо.
Грчкото влијание во некои делови на Македонија, особено некои јужни градови, до средината на 19 век, било толку силно што место кирилицата била распространета грчката азбука. Таа се употребувала за секојдневна преписка, но и за книжевни текстови.
Јазичен развој Македонскиот јазик покажал и посебен развиток и во однос на назалните согласки. Тука се појавила вокализација на еровите и промената на назалните согласки се хронолошки и по резултат одделни појави. Притоа, единствено во македонскиот јазик дошло до изедначување на со , по губењето на назалниот призвук, така што во текстовите од XII век и XIII век се наоѓале пример како: птель за птель, см за см и сл. Со други зборови овој развиток одел вака: > (ä)> е. Во некои западномакедонски говори, особено во Поградец и Горица во Албанија, сѐ уште е зачуван изговорот со ä, па така имаме: рʲäка за река.
Македонскиот јазик во пописната регулатива на САД Во инструкциите за попишувачите во САД се наведува македонскиот јазик во различен контекст. Така на пример: Во пописните инструкции од 1910 година, во секцијата „ABILITY TO SPEAK ENGLISH“ став 137. стоело „Do not write 'Macedonian,' but write Bulgarian, Turkish, Greek, Serbian, or Romanian, as the case May be.“ — „Не пишувајте македонски, пишувајте бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“Инструкции за попишувачите 1910 Во пописните инструкции од 1920 година, македонскиот јазик е додаден на листата со странски јазици како посебен јазик.Инструкции за попишувачите 1920 Во пописните инструкции од 1930 година македонскиот јазик повторно е на листата со странски јазици како посебен јазик.Инструкции за попишувачите 1930
Со анализа на овие пописни инструкции може да се заклучи дека до 1910 година постоело едно гледиште во американското општество во врска со македонскиот јазик, а од 1920 година администрацијата го поддржува гледиштето дека македонскиот јазик е засебен јазик кој го говорат некои од емигрантите од Европа. Подоцна во листата "C2SS Language Codes" на македонскиот јазик му е придружен кодот 2630.
Стандардизација Идејата за стандардизација на македонскиот јазик има свои корени во 19 век, но прв посериозен обид на научен пристап претставува објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков во 1903 г., на чија основа во 1945 г. и се извршила стандардизацијата на современиот македонски јазик. Оваа книга била остро дочекана од бугарската јавност, па била веднаш запленета и уништена. Останале само неколку примероци, од кои еден пронашол К. Неделковски во софиската библиотека.
Врз основа на идеите за посебноста на македонскиот јазик и потребата од негова кодификација објавени од Ѓорѓија Пулевски, како и од дејноста на „лозарите“ (дочекани исто така со остри напади од бугарската јавност) и др. македонисти („сепаратисти“) во 19 век, Мисирков ги поставува темелите на современиот македонски јазик, а тоа се: дијалектна основа е централното наречје (Велес‒Прилеп‒Битола‒Охрид); фонетски правопис; лексички фонд од сите македонски говори.
Кодификација
мини|десно|Решение на АСНОМ за употребата на македонскиот јазик, донесено на 2 август 1944 година мини|десно|Решение за македонската азбука, донесено на 5 мај 1945 година Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
со решението на првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава со официјалното усвојување на македонската азбука со официјалното усвојување на македонскиот правопис
Македонската државност се зацврстува со историските решенија на Првото заседание на АСНОМ. Меѓу тие решенија од особено значење е Решението за воведување на македонски литературен јазик како службен во македонската држава.