Тараваи (мангаревански: Taravai) — втор најголем остров во групата острови Гамбје во Француска Полинезија. Вкупната површина на островот е 5,7 км2. Тараваи се наоѓа на 1.5 километри југозападно од Мангарева и на околу 300 метри од островот Ангакауитаи. Во близина на источниот брег на островот се наоѓа малото островче Моту-о-Ари. На островот живеат само 9 луѓе, сите во селото Агоноко.

Историја

Селото Агоноко се наоѓа во близина на главниот залив на источната страна. Поранешни села на островот се Ага-нуи (северозападно) и Агакау-и-ута (југоисточно).

Археолошкото место Онемеја наведува до заклучок дека низ историјата островот бил повремено населуван уште од 950 година, со можно постојано населување од 13 век.The Onemea site (Taravai Island, Mangareva) and the human colonization of Southeastern Polynesia. Archaeology in Oceania

Пред да го прифатат Христијанството, кралот на Тараваи бил вазал на кралот од Рикитеа од Мангарева.R. W. Williamson, The Social and Political Systems of Central Polynesia, Cambridge University Press, 1924

Галерија

Наводи

Поврзано Гамбје Француска Полинезија

Надворешни врски Мангарева, Тахити - Смртта на народот

Категорија:Гамбје