Анасон () — растение од семејството на штитоцветните (Apiaceae). Расте од 0,5 до 1 метар во височина. Расте во областите околу Средоземјето.
Име Латинското име е pimponella anusum. На македонското јазично подрачје познато е како и луканство (Горни Броди, Сер), кликанцу (Савек, Демир Хисар), разијане (Прилеп), аласојне (Дрен, Прилеп).Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 11
Особини Има гранулести, меки, снегулести влакна покриени со шупливо стебло. Стеблото почнува да се разгранува на 2/3 од височината. Цветовите се бели, распоредени во штитасти цветови. Лутуците му се прекриени со ситни влакненца. Растат во китките во облик на извртен чадор. Содржат ароматично масло, така што имаат пријатен мирис. Листовите се на дното и се состојат од 3 округлести врежани листови, средни прстенасти листови, а горните крпасто разделени. Плодот е во облик на јајце, спрема врвот сушен, а од страна малку стиснат, долгнавест од 3 до 6 милиметри. Бојата од плодовите е светлозелена. Плодот (семе) се употребува и како зачин и како лек. Коренот е тенок и вретенест.
Лековитиот дел од плодот, односно зрелото семе се собира само по суво време.
Лековито дејство Анасоновото семе делува против смирување на грчеви, го зајакнува желудникот, подобрува варењето и отстранува штетните сокови од организмот. Исто така ја чисти крвта и ги зајакнува живците. Ги чисти белите дробови, желудникот и бубрезите, ги зајакнува пробавните органи, помага во регулирање на неуредна менструација и несоница.
Исто така се употребува во производство на колачи и слатки, козметика, производство на ликери, како и алкохолни пијалоци, како што е Мастика, Узо, Анасонова ракија
Вистинскиот анасон денес се употребуа во незначителни количини, бидејќи е потиснат од ѕвездестиот анасон којшто има мирис и вкус на анасон, ноботанички не е во никаква врска со него. Со сличен мирис е и лофантот.
Одгледување
Семето на билките се сади во април, плодот се собира кон крајот на август. Плодот сам отпаѓа, а созрева нерамномерно. Приносот е околу 1-{t/ha}-.
Историја на одгледување Првпат, анасонот се спомнува во египетскиот папирус што датира од околу 1500 година п.н.е.
Поврзано Анасонка Мастика Узо
Наводи
Литература
Чланак је великим делом преузет са сајта -{www.herbateka.com}-, са ове странице. Дозволу за коришћење матерјала са овога сајта можете видети овде. Мала енциклопедија Просвета - Општа Енциклопедија (А-Љ). Издавачко предузеће „Просвета“, Београд 1959. . .
Надворешни врски
Категорија:Бедренка Категорија:Билки Категорија:Зачини Категорија:Турцизми