Блез Матуиди (роден на 9 април 1987 во Тулуза, Франција) — поранешен француски фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија Матуиди е роден во Тулуза, од татко анголец, Фарија Ривелино, и мајка конгоанка Елис. Неговиот татко ја напуштил земјата на потекло поради граѓанската војна, засолнувајќи се во тогашен Заир, каде се запознал со мајката на Матуиди. Парот подоцна се преселил во Франција, каде е роден Блез. Тој има четири други браќа и сестри со кои израснал во париското предградие Фонтен су Буа.

Во детството тој често ги следел натпреварите на Париз Сен Жермен за кои настапувал и неговиот идол Џеј-Џеј Окоча.

Технички карактеристики Комплетен играч од средниот ред, добар организатор на играта и одличен во запирање на противничките играчи и освојување на топката, со одлични тркачки вештини.

Клупска кариера Почетоци Матуиди ја започнал својата фудбалска кариера на шестгодишна возраст, играјќи за клубот од местото во кое што растел, УС Фонтен су Буа. По пет години во клубот, тој се приклучил на КО Венсеноа во близина на Венсен, каде што една година биле соиграчи со Јасин Брахими. Во 1999 година, Матуиди бил оценет како еден од најдобрите играчи во регионот Ил де Франс и подоцна бил избран да присуствува на престижната академија Клерфонтејн. Тој тренирал на академијата три сезони, играјќи таму во работните денови, а истовремено играјќи за Венсеноа за време на викендите. Во 2001 година, Матуиди го напушти Венсеноа и потпишал "младински" договор со полупрофесионалниот клуб Кретеј. Тој поминал четири години во младинската академија на клубот и брзо станал еден од најбараните таленти во светот. И покрај интригантната понуда од двократниот и тогаш актуелен шампион Лион, Матуди сепак се одлучил да потпише со Троа, повикувајќи се на центарот за обука на клубот како негова примарна причина за донесување на таквата одлука. Троа Матуиди ја започнал својата кариера со Троа играјќи за резервниот тим на клубот во Аматерското првенство на Франција 2, петтото ниво на францускиот фудбал. Во ноември 2004 година, тој бил повикан во сениорскиот тим од тренерот Жан-Марк Фурлан и го направил своето професионално деби на 23 ноември во натпреварот против Гењон во Лига 2. Матуиди го започнал натпреварот и одиграл нешто повеќе од 60 минути во победата со 2-1. Неговото второ и последно појавување за сениорскиот тим во сезоната 2004-2005 дошло на 4 февруари 2005 година во лигашки натпревар против Генгамп. Матуиди потоа бил префрлен назад во резервниот тим на клубот за остатокот од сезоната, каде што му помогнал на тимот да заврши на респектабилното шесто место.

Во следната сезона, Матуиди бил промовиран на трајна основа во сениорскиот тим, кој за таа сезона се натпреварувал во Лига 1. Тој бил користен главно како стартер од страна на тренерот Фурлан и се појави во 31 првенствен натпревар. Матуиди исто така бил еден од водечките играчи во лигата по бројот на заработени картони, со вкупно 11. Тој го постигнал својот прв професионален гол на 11 јануари 2006 година во победата со 1-0 против Лил, зафаќајќи еден волеј кој од страна на медиумите бил опишан како "прекрасен". И покрај импресивната сезона на поединечно ниво за Матуиди, Троа заврши само едно место над зоната за испаѓање.

На почетокот на следната сезона, на 16 јуни 2006 година, Матуиди го потпишал својот прв професионален договор, согласувајќи се на четиригодишна верност кон Троа и покрај силниот интересот за него од страна на англискиот клуб Чарлтон Атлетик. И покрај отпуштањето на Фурлан, Матуиди останал прв избор на својата позиција и под водството на новиот тренер Денис Трох. Тој се појавил во игра во 35 натпревари и постигнал три гола, а исто така и го намалил бројот на добиени картони на само 6. Вероватно најдобриот натпревар на Матуиди во дресот на Троа бил оној на 28 април 2007 година против Седан, со кого неговиот тим водел Битката за испаѓање; Троа заостанувала на домашен терен со 1-2 на 15 минути до крајот, кога Матуиди го постигнал изедначувачкиот погодок во 75-тата минута, а осум минути подоцна повторно тој го постигнал победничкиот гол со кој и донел победа на Троа со 3-2. Матуиди повторно постигнал гол во финалниот натпревар од сезоната против Ленс во победата со 3-0, меѓутоа, Троа испадна во Лига 2 завршувајќи ја сезоната на 18-тата позиција на табелата. Со испаѓањето на клубот во Лига 2 се појавиле и шпекулации во врска со иднината на Матуиди во клубот.

Сент Етјен И покрај тоа бил поврзуван со поквалитетни клубови од Лига 1 како Бордо, Лил и Монако, Матуиди одлучил да му се приклучи на Сент Етјен согласувајќи се да потпише четиригодишен договор со клубот. По неговото пристигнување, Матуиди го добил дресот со број 12 и бил вклучен во почетниот состав, каде што основал партнерство во средниот ред со Лоик Перин и Кристоф Ландрин. Тој, исто така, имал добро разбирање со поранешниот соиграч од "Троа" Бафетимби Гоми, кој ја имал својата пробивна сезона. Матуиди го имал своето деби за клубот на 11 август 2007 година во натпреварот против Валенсиен. Тој остана прв избор за целата сезона на Сен Етјен под водство на тренерот Лоран Руси. Претставата на клубот во сезоната кулминирала во самиот финиш со освојувањето на респектабилното петто место и квалификација во Купот на УЕФА за следната сезона.

За време на сезоната 2008-2009, настапите на Матуиди го привлекле вниманието на англискиот клуб Арсенал, кој го испратиле својот скаут Жил Гриманди да го следи. Гриманди подоцна го препорачал играчот на неговиот сонародник менаџерот на Арсенал Арсен Венгер. Матуиди исто така бил следен од италијанскиот клуб Милан во текот на сезоната. На 16 август 2008 година го постигнал својот прв гол во кариерата за Сент Етјен во победата од 2-1 над Сошо. На 18 септември 2008, Матуиди го направил своето деби во европските натпреварувања, играјќи во првиот натпревар од првото коло на Купот на УЕФА против израелскиот клуб Хапоел Тел Авив. Тој направил осум настапи во ова натпреварување, пред Сент Етјен да биде елиминиран во осминафиналето од германскиот Вердер Бремен. Паралелно, Матуиди играл редовно во лигата, сè до поразот од Лил со 3-0 во кој го добил првиот црвен картон во кариерата. Во втората половина на сезоната, како Матуиди така и клубот воопшто се бореле со повреди. Разбиениот тимски колектив поради повреди резултирал со едвај избегнато испаѓање на Сент Етјен, спасувајќи се дури во последниот ден од сезоната. По завршувањето на сезоната, Матуиди ја објавил својата намера да го напушти клубот, кажувајќи го тоа во францускиот весник "Л'Екип": "Мојата желба е да заминам, бидејќи мислам дека е време". Матуиди, исто така, изјавил дека ќе биде среќен и ако остане во Сент Етјен. По неуспехот да добие значителни понуди од поголемите клубови во летото 2009 година, спортскиот директор Дамјан Комоли објавил дека Матуиди ќе остане во клубот и за сезоната 2009-2010.

Во првиот натпревар од сезоната 2009-2010 Матуиди бил назначен за капитен на Сент Етјен од страна на новиот тренер Ален Перин, поради повредата на актуелниот капитен Лоик Перин. И покрај тоа што Лоик Перин се вратил во тимот во септември 2009 година, Матуиди сè уште останал сопственик на капитенската лентата. Под негово водство, Сент Етјен го победил тогашниот бранител на титулата Бордо со 3-1 на 3 октомври 2009 година. По отпуштањето на Ален Перин во средината на сезоната, новиот тренер Кристоф Галтје му ја вратил капитенската лента назад на Лоик Перин. На 18 мај 2010 година, Матуиди бил вмешан во физичка пресметка со тимскиот колега Димитри Паје за време на поразот од Тулуза со 1-0. Во средината на првото полувреме, Паје добил критики од соиграчот Јоан Беналуан за прикажување на недостаток на агресија. Тој тогаш се соочил и со Матуиди, кој ги повторил чувствата на Беналуан. Матуиди и Паје се за туркале лице в лице по што вториот играч му нанесол удар во главата на Матуди пред двајцата да бидат разделени од судијата Бруно Куе и соиграчите. Како резултат на инцидентот, Паје бил заменет по 31-вата минута и санкциониран од претседателот на клубот Роланд Ројмеје. На 6 октомври 2010 година, двајцата Матуиди и Паје биле повикаи во француската репрезентација, а Матуиди го опишал прекршокот како "недостаток на зрелост" на двајцата играчи, додека Паје го опишал инцидентот како "аргумент што нема место" и дека "инцидентот меѓу нив бил решен и двајцата сега се на нов терен".

Париз Сен Жермен thumb|right|200px|Матуиди во дресот на ПСЖ. На 25 јули 2011 година, Париз Сен Жермен потврдиле дека клубот потпишал тригодишен договор со Матуиди како замена за заминатиот Клод Макелеле, кој се пензионирал од фудбалот. Надоместокот за трансферот не бил објавен, но се смета дека е во зона околу 7.5 милиони евра плус идните стимулации. Матуиди бил претставен на медиумите истиот ден , заедно со другото ново засилување за клубот и неговиот репрезентативен соиграч Жереми Менез, и му бил доделен дресот со број 14. Своето деби за ПСЖ го направил на 6 август 2011 година во натпреварот против Лорјан на отворањето на сезоната во Лига 1, во кој неговиот клуб загубил со 1-0. Својот прв гол за парижаните Матуиди го постигнал на 6 мај 2012 во 36-тото коло од првенството, во кое Париз Сен Жермен како гостин го победил Валенсиен со 4-3.Valenciennes – PSG 3-4, 06/05/12, Ligue 1 11-12 Archives Paris Football Својата прва сезона во Париз Сен Жермен ја завршил со 35 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол, а Париз Сен Жермен завршил на второто место во Лига 1 со три бода помалку од Монпелје.

За време на сезоната 2012-2013, Матуиди постигнал пет гола во 37 првенствени натпревари стрелајќи во победите против Бастија (0-4), Троа (4-0, 0-1), Лион (1-0) и Брест, помагајќи му на ПСЖ да ја освои титулата во Лига 1, за првпат по 19 години. Во текот на истата сезона тој го направил своето деби во Лигата на шампионите, и постигнал два гола. Својот прв гол во Лигата на шампионите го постигнал во победата со 4-0 над Динамо Загреб на 6 ноември 2012 година на Паркот на Принцовите. Тој повторно постигнал гол во првиот четвртфинален натпревар против Барселона, израмнувајќи го резултатот на 2-2 во судиското продолжение. По завршувањето на сезоната Матуиди бил еден од петте играчи на Париз Сен Жермен кој се нашле во Тимот на годината на Лига 1.

На 24 февруари 2014 го продолжил договорот со Париз Сен Жермен за уште четири години до летото 2018. На 10 мај 2014 година, тој постигна еден од головите со кој ПСЖ со 3-1 го победил Лил, со што парижаните поставиле нов рекорд во Лига 1.

До летото 2017, Матуиди поминал шест сезони во дресот на Париз Сен Жермен во кој одиграл речиси 300 натпревари во сите натпреварувања освојувајќи 4 Првенства на Франција (2012–2013, 2013–2014, 2014–2015, 2015–2016), 3 Купа на Франција (2014–2015, 2015–2016, 2016–2017), 4 Лига купа на Франција (2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017) и 5 Суперкупа на Франција (2013, 2014, 2015, 2016, 2017).

Јувентус thumb|left|150px|Матуди (лево), заедно со соиграчот од Јувентус, Кристијано Роналдо На 18 август 2017, потпишал тригодишен договор со Јувентус во трансфер вреден 20 милиони евра плус 10 милиони евра евентуални бонуси во зависност од бројот на натпревари кој ќе ги одигра за Јувентус. Своето деби за Јувентус го направил во Серија А на 19 август 2017, во победата на домашен терен со 3–0 над Каљари влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Гонсало Игуаин. Својот прв гол во дресот на Јувентус го забележал на 17 декември, во победата со 3-0 на гости над Болоња. На 11 април, Матуиди го постигнал третиот гол за Јувентус во победата со 3-1 на гостувањето на Бернабеу против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, по големата грешка на голманот на кралевите Кејлор Навас кој ја испуштил топката буквално пред нозете на Матуиди. Првата своја сезона во Торино ја завршил со 46 настапи и 4 гола, давајќи голем придонес за успешната сезона на Јувентус во која била освоена домашната двојна круна: скудетото и Купот на Италија, први за Матуиди во неговата кариера.