мини|Етрурски филигран, златна обетка, V век п.н.е. , Британски музеј. мини|Сребрен коњ и кочија, филигрански предмет мини|Сребрен сад, филигрански предмет Филигран – техника на изработување накит од тенка златна или сребрена жица слична на тантела и украс, украсен предмет, накит изработен во таква техника

Потекло на поимот Името филигран доаѓа од латинските зборови filum (нишка) и granum (зрно), кој како збор се востановил во XVII век во Франција.Oxford Dictionaries entry for "filigree" http://oxforddictionaries.com/definition/english/filigree Online Etymology Dictionary http://www.etymonline.com/index.php?term=filigree

Опис Филигранската техника е позната од многу одамна (2500 г.п.н.е) и во текот на вековите со нејзе се изработувал прекрасен накит како и украсни предмети на кои и денес им се воодушевуваме.

За изработка на предмети со оваа техника се користи сребрена, златна или поретко бакарна жица за компонирање на мотивите. Нишките од жицата се виткаат и преплетуваат, меѓусебно се врзуваат и така се обликува сложен мотив кој може да биде положен на метална подлога или да биде слободен. Мотивите од филигранска жица се различни од геометриски фигури до цветови и животни. На вака изработените предмети понекогаш се ставале ситни метални куглички.

Историја Иако филигранот стана посебна гранка на јувелирството во модерно време, оваа техника била составен дел на златарите од античко време. Имено, целиот накит на Етрурците и во Стара Грција бил правен со лемење наместо со резба или гравирање на материјалите.

Филигранот е најраспространетата техника во уметничката обработка на сребро и злато. Бидејќи не постоеле мостри и шеми за изработка на мотиви, кај оваа техника најмногу е пројавен поединечниот народен дух. Секој мајстор ги комбинирал шарите „од умот“, а добрите мајстори на филигранот биле надалеку прочуени и добро платени за својата работа. Филигранската техника првенствено е застапена во Средоземјето. Познати се примероци накит кои се пронајдени во Троја и кои потекнуваат од 2500 г.п.н.е. како и во Микена од 1500 г.п.н.е. Преубави примероци накит изработени со филигранска техника откриени се во етрурските гробници кои потекнуваат од VI век п.н.е.

Во Стар Рим, филигранската техника се користела на големо. Под влијание на римската уметност во време на „големата преселба на народите“, оваа техника на изработка на накит била широко прифатена и кај германските племиња. Својот зенит го достигнува во Византија од VI до XII век. Повторен процут на уметничката изработка на накит од филигран се случил околу 1800 година, во развиените урбани центри, кога накитот изработен со оваа техника повторно влегол во мода. Наспроти тоа, изработката на накит со оваа техника во народната уметност на Европа и Азија се задржала во текот на целото време.

Начин на изработка и употреба лево|мини|346x346пкс|Брош (сребрен) - филигранска изработка со емајл, Битола - изложен во НУ Музеј на Македонија. Може да се каже дека филигранската уметност се состои од виткање, усукување и плетење на тенки метални жици, и нивно спојување (лемење) една со друга во точките на допир како и со подлогата. За гранулирани мотиви, се сечат мали парчиња од златна или сребрена жица кои потоа се лепат со дувало или лемило во денешно време, при што добиваат сферичен облик и малку се разликуваат меѓусебе.

Среброто најнапред се леело во тенки прачки, потоа се ковало и постепено се растегнувало со влечење низ калем – метална плоча со отвори од различна големина, сè додека не се добиела жица со дебелина на влакно. Процесот се изведувал рачно и се повторувал повеќепати, сè до постигнување на саканата финост. Подоцна, за оваа намена се користел и „рубин“ – кружна месингана плоча со вградена рубинска дупка, како и витло со валјаци, што овозможувало полесно и порамномерно влечење на жицата.

Од крајот на XIX век, во филигранската изработка почнала да се применува и машински изработена жица. Во зависност од намената, таа се користела како единечна нишка или се извиткувала од две или повеќе нишки.

Според начинот на изработка, филигранот се делел на вистински и псевдофилигран (лажен филигран). Вистинскиот филигран се изработувал на два начина: како слободно компониран, таканаречен воздушесто-лелеав филигран, или со поставување на сребрени нишки врз подлога што служела како основа на предметот.

Поради нежната структура, најпрво се оформувала основната контура од подебела жица или ленти, која му давала цврстина на предметот. Потоа следувало „полнење“ на меѓупросторите со ситни спирали од најтенка жица. По лемењето, предметот дополнително се украсувал со гранулација (мали сребрени топчиња), плочки, ленти, полутопки, а понекогаш и со декоративни камења.

Псевдофилигранот, за разлика од вистинскиот, се изработувал со леење и дополнителна механичка обработка (печатење, гравирање, стружење), при што добиените предмети биле визуелно потешки и значително погруби.

Брошовите, крстовите, обетките, копчињата* Elements of a German filigree button, made c. 1880 image from Victoria & Albert Museum jewellery collection и други лични украсни предмети изработени во филигранска техника во денешно време, за да го задржат својот облик се зацврстени со метални плочки или ленти.

Галерија на македонски филигран

Наводи

Категорија:Уметност Категорија:Стари занаети Категорија:Накит