Александар Шапиќ (роден на 1 јуни 1978 година) е српски политичар и поранешен професионален ватерполист. Во моментот ја извршува функцијата градоначаник на Белград.
Тој официјално беше прогласен за најдобар стрелец во поранешна Југославија и сѐ уште се смета за еден од најдобрите играчи во ватерполо историјата. Од 2012 година, тој е претседател на општината Нов Белград. Во јули 2017 година, тој и официјално бил избран за најдобар играч во историјата на ватерполото, од страна на светската федерација на спортови.
Образование Дипломирал на Факултетот за Менаџмент во 2003 година, магистрирал во 2009 година, додека својата докторска дисертација ја одбранил во 2012 година, во полето на индустрискиот менаџмент.
Политичка кариера Тој бил асистент на градоначалникот од 2009 до 2012 година. Исто така тој бил избран за претседател на општина Нов Белград во 2012 година и повторно бил ре-избран во 2016 година. Тој е сѐ уште претседател на најголемата општина во Белград.
Наводи
Надворешни врски
Serbian Olympic Committee VATERPOLO: Šapić "osušio" kapicu , MTS Mondo, 12 May 2009.
Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски ватерполисти Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Спортисти-политичари