Остроготското Кралство, официјално познато како Кралство Италија (латински: Regnum Italiae),Flavius Magnus Aurelius Cassiodorus Senator, Variae, Lib. II., XLI. Luduin regi Francorum Theodericus rex. било воспоставено од Остроготите во Италија и соседните области од 493 до 553 година.

Во Италија, Остроготите предводени од Теодорих Велики, го убиле Одоакар. Под власта на Теодорих, првиот крал, Остроготското Кралство го достигнало својот зенит, протегајќи се од Франција на запад до Србија на исток. Теодорих самиот се нарекувал Gothorum Romanorumque rex („Крал на Готите и Римјаните“), демонстрирајќи ја желбата да биде водач на двата народи.

Почнувајќи од 535, Источната Римска (Византиска) Империја на чело со Јустинијан I ја освоила Италија.

Список на кралеви Валамир –465 Теодемир 470–475 Теодорих Велики 489–526 Аталарик 526–534 Амаласунта 534-535 Теодад 534–536 Витигес 536–540 Илдибад 540–541 Ерарик 541 Тотила 541–552 Теја 552–553

Наводи

Категорија:Поранешни монархии во Европа Категорија:Поранешни држави на Апенинскиот Полуостров Категорија:Поранешни држави на Балканот