Георги Ајановски (, - ) — македонски прозаист и писател за деца.

Животопис Тој е син на Вангел Ајановски-Оче, истакнат водач на деец на македонското национално движење (НОД) од Егејска Македонија. Роден е во четиричлено семејство заедно со неговата сестра Дора и двајцата браќа Ристо и Владимир. Тој бил евакуиран во Народна Република Југославија на 8-годишна возраст.

Дипломирал новинарство во Скопје. Од 1962 до 1997 година работел во НИП Нова Македонија, како новинар и уредник на рубриката во „Вечер“, а потоа како главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“. Постојан дописник на „Нова Македонија“ од Москва. Основач и директор на НИК „Денес“ и на весникот „Македонија Денес“.

Автор е на публицистичките трудови „Признавањето на Македонија“, „Сибирски години“, „Елена Галкина-Краснаја“ и на монографијата за „Мирка Гинова“. Автор е на книгите: „Вани“ (роман за деца, 1973), „Вани“ (втор дел, 1998). Член на ДПМ од 1974 година.

Награди Добитник е на наградата Крсте Мисирков и на наградата за животно дело во новинарството.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски уредници Категорија:Деца бегалци Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“