мини|десно|200п|Приказ на модулацијата. Најгоре — информациски сигнал. Средина — амплитудно модулиран носител. Најдолу — честотно модулиран носител.

Честотна модулација или фреквенциска модулацијаПринципи телекомуникација, Мирослав Л. Дукић, Академска мисао, Београд. Основи телекомуникација: зборник решених проблема, Зорка Д. Стојановић, Мирослав Л. Дукић, Зоран Р. Петровић, Зоран С. Добросављевић, Наука, Београд.Основи електронике, Радио-предајници и радио-пријемници, Државни секретаријат за народну одбрану, Београд, (1967). стр. 176.Војна енциклопедија, Седми том, 1974, Београд: Војноиздавачки завод. стр. 649. (ЧМ или FM) — вид на аголна модулација при која носечката честота се менува пропорционално на сигналот на корисната информација. Замавот на носечката честота е константна. Со амплитудната и фазната модулација, претставува една од трите основни видови модулации.

Ако сигналот на информацијата е аналоген сигнал (глас, музика), носечката честота ќе се менува континуално во одреден честотен опсег. Ако сигналот на информација е дигитален сигнал, носечката честота може да има две или повеќе дискретни вредности. Во наједноставниот облик, бинарната дигитална честотна модулација, честотата се одржува на една вредност за дигиталната нула, а на друга за единицата.

Честотна или фазна модулација? Честотната и фазната модулација се многу слични, не е можно да се менува фазата без промена на честотата и обратно. Ги разликуваме само по тоа која особина на носителот директно се менува. Ако директно се менува честотата, а индиректно фазата, станува збор за честотна модулација. Ако директно се менува фазата, а индиректно честотата, станува збор за фазна модулација.

Примена Комерцијалните радиостаници во опсегот на ултракратките бранови (УКБ) ја користат честотната модулација. Исто така се користи и за пренос на звук во безжичниот телевизиски систем, и многу други жични и безжични комуникациски системи.

Предност на честотната над амплитудната модулација во радиокомуникациите е поголемата отпорност на пречки, а мана ѝ е зафаќање на поголем честотен опсег.

Можни облици на модулација Да го разгледаме математичкиот израз за синусоиден бран:

v = Vp sin (2πft+θ) или

v = Vp sin (ωt+θ)

каде

v = е моментална вредност на синусоидниот напон Vp = е врвна вредност на синусоидниот напон f = е честота (Hz) ω = 2πf = е аголна брзина t = е време (s) ωt = 2πft = е агол во радијани θ = е фазен агол

Од изразот може да се види дека постојат три начини на модулација во зависност од тоа на кој начин се менува носителот. Тоа се амплитудната, честотната и фазната модулација.

Поврзано Модулација Амплитудна модулација Фазна модулација

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Телекомуникации Категорија:Модулации