Емилија Симоска (родена во 1956 година во Скопје) — македонски социолог и политичар.
Во Владата од 1994 година Симоска ја извршувала функцијата Министер за образование и наука, и тоа во периодот од 20 декември 1994 до 23 февруари 1996 година.
Симоска завршила социологија на универзитетот во Скопје. Во 1980 година се вработила во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, како раководител на Центарот за етнички и безбедносни прашања. Таа станала редовен професор по политичка култура и комуникации и односи со јавноста на постдипломските студии.
Наводи
Надворешни врски Emilija Simoska
Категорија:Живи луѓе Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија