Ворскла — притока на Днепар која тече низ територијата на Русија и Украина. Реката е долга 464 километри и има хидрографски басен од 14,700 квадратни километри. Ворскла минува низ градовите Полтава, Охтирка, и Кобелјаки. Во реката има 50 различни видови риба, а во шумите на бреговите од реката живеат лисици, зајаци, диви свињи, и птици како диви патки, фазани, и еребици.
Галерија
Надворешни врски
Слики од реката Ворскла
Категорија:Притоки на Днепар Категорија:Реки во Украина Категорија:Реки во Русија Категорија:Реки во Белгородската област