Богдан Несторовиќ (; во — во ) — српски архитект.
Животопис
Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Белград во 1923 година. По дипломирањето бил на усовршување две години на Школата за фини уметности во Париз (1923-1925). Се вработил во архитектонското биро „Архитект“, каде што останал на работа до 1930 година. Од 1930 година до пензионирањето бил наставник на Архитектонскиот факултет во Белград, каде што го предавал предметот „Проектирање на станбени згради и науката за стиловите“. Оставил обемни научно-истражувачки трудови, посебно во областа на историјата на архитектурата и домувањето. Се јавува и како автор на поголем број станбени и општествени објекти.
мини|Народна банка во Битола, дело на архитектот Богдан Несторовиќ Градби
Во Македонија според неговите проекти биле изградени следниве објекти:
1929: Природонаучен музеј 1932: Народна банка во Битола 1933: Народна банка во Скопје (разурната од Скопскиот земјотрес)
Категорија:Српски архитекти Категорија:Родени во 1901 година Категорија:Починати во 1975 година Категорија:Срби од 20 век