Музеј на современата уметност — музеј на современата уметност во Скопје е сместен на самиот рид Кале, во непосредна близина на истоимената тврдина, со особена задршка на модернизмот. Изградбата на зградата на Музејот е започната на 5 април 1969 година и е завршена до 13 ноември 1970 година, кога свечено е пуштена во употреба. Градбата претставува донација од страна на Владата на Полска. Денес, овој музеј е единствената установа во Македонија, којашто собира и обработува документација за македонската уметност и прикажува значајни историски филмови.Музеј на современа уметност , staracarsija.mk. Зградата на музејот била реновирана по првпат од нејзиното отворање во 1970 година и отворена за посетителите со изложбата „Солидарноста - недовршен проект“ на 22 февруари 2014 година.

Историја Идејата за формирање на ваков музеј возникнала по земјотресот во 1963 и големиот број на пристигнати уметнички дела, како солидарност од страна на меѓународните организации, музеи и поединци. Со цел да се сместат овие подароци, на 11 февруари 1964 година е донесена одлука за основање на Музејот на современа уметност. Бројот на дарувања и подароци се зголемил во последните неколку години, а во периодот од 1966 до 1970 г. бил изнајмен галериски простор за одржување на изложби. Поради зголемените потреби, во 1969 г., започнала изградбата на новата музејска зграда, којашто била свечено отворена на 13 ноември 1970 година.Историја , официјално мрежно место на Музејот на современата уметност.

Еден од главните негови основачи бил истакнатиот македонски историчар на уметноста, ликовен критичар, професор Борис Петковски кој од 1964 до 1976 бил и прв негов директор.

Под негово раководство, концепт, залагање, ентузијазам - Музејот на современа уметност, се здобил со богата колекција експонати од огромна важност, била изградена новата музејска зграда, а реализирани биле и над 250 значајни меѓународни изложби ПЕТКОВСКИ, Борис,Борис Петковски: Музеј на современата уметност 1964-1976.

Архитектура Зградата на музејот зафаќа вкупна површина од над 5.000 м2, а неа ја сочинуваат три поврзани објекти, во кои се распоредени салите за повремени изложби, просторот за постојана поставка, салата за предавања, библиотека и архива и другите простории. Надворешната површина околу Музејот служи за спроведвање на разни вајарски проекти.Зграда , официјално мрежно место на Музејот на современата уметност. Во просториите на музејот се одржуваат изложби, настани поврзани со македонската и странската уметност, трибини, разговори со уметници, филмски прикажување и други културно-уметнички настани. Музејот, исто така, располага со драгоцена меѓународна збирка, која дава претстава за македонската современа уметност.

Претставени уметници мини|исправено|Една од галериите на музејот Меѓу изложените дела, во музејот се претставени разни истакнати уметници на модернизмот и другите уметнички движења на XX век. Меѓу нив се вбројуваат следниве:

Алберто Бури Александар Колдер Андре Масон Антони Клаве Виктор Вазарели Георг Базелиц Емил Фила Емилио Ведова Етјен Ајду | Золтан Кемењ Пабло Пикасо Пјер Сулаж Роберт Адамс Роберт Јакобсен Фернан Леже Хас Хартунг Христо

Галерија

Поврзано Список на музеи во Македонија Скопско кале Стара скопска чаршија

Наводи

Надворешни врски Музеј на современата уметност

Современа уметност Современа уметност Категорија:Стара скопска чаршија Категорија:Современа уметност