Тур де Романди 2017 (именувана и како Трка околу Романди) — 71. издание на велосипедската етапна Тур де Романди, која се одржала помеѓу 25 и 30 април како деветнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена на завршниот ден од Австралиецот Ричи Порт (), кој ја надокнадил разликата од 19 секунди во однос на британскиот возач Сајмон Јејтс на хронометарот од 17,88 километри и ја освоил трката по првпат. Јејт — кој вози за екипата — успеал да заврши како втор, пред словенечкиот возач на , Примож Роглич, кој го освоил завршниот хронометар и завршил пет секунди зад Јејтс на целта. Во другите пласмани на трката, Белгиецот Сандер Арме го освоил планинскиот пласман втора година по ред за , домашниот возач Штефан Кинг го освоил бодовниот пласман за , додека 14. место било доволно за Пјер Латур () за да го освои пласманот за млад возач. Екипниот пласман бил освоен од .
Рута
Патеката на трката била објавена на 10 декември 2016 година. Втората етапа, првично закажана на 160,7 километри, и да започне во Шанпери, била скратена поради снег.
Екипи
Бидејќи Тур де Романди е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Единствена професионална континентална екипа на трката била .
Етапи Пролог
Етапа 1
Етапа 2
Етапа 3
Етапа 4
Етапа 5
Завршен пласман
Поредок
На Тур де Романди 2017 биле доделувани четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси на етапите — десет секунди за етапниот победник, шест секунди за второпласираниот и четири секунди за третопласираниот. Немало временски бонуси на средните спринтови. Предводникот на пласманот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Тур де Романди 2017 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.
Дополнително, постоел и пласман за млад возач, кој се наградувал со бела маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите родени на и по 1 јануари 1993 можеле да учествуваат во пласманот.
+ Бодови за планинскиот пласман Место 1 2 3 4 5 Бодови за 24 16 12 8 4 Бодови за 12 8 6 4 2 Бодови за 8 6 4 2 1 Бодови за 5 3 2 1 0
Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала розовата, црната и сината маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања; постоеле шеснаесет категоризирани искачувања, поделени во три различни категории. На искачувањата од прва категорија, првите петорица возачи добивале бодови; првиот освојувал 12 бода. Бодови добивале исто така првите пет возачи на искачувањата од втора категорија, иако победникот освојувал само 8 бода. На искачувањата од третата категорија, само првите четворица возачи добивале бодови, а првиот меѓу нив добивал 5 бода. На искачувањата со етапни завршници во Шанпери и Лезен бодовите биле удвоени.
+ Бодови за спринтерскиот пласман Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 етапи 2 & 3 50 30 20 18 16 14 12 10 8 7 6 5 4 3 2 други етапи 30 25 22 19 17 15 13 11 9
Постои и бодовен пласман. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле меѓу првите 15 возачи на етапите. На рамните друмски етапи; за победа на етапа, возачот добивал 50 бода, второпласираниот 30 бода, 20 бода за третопласираниот и така надолу, сè до два бода за 15. место. На поединечните хронометри и планинските етапи, бодови биле доделувани исто така на 15 возачи, но 30 бода за победникот, 25 бода за вториот, 22 за третиот и така надолу, сè до два бода за 15. место. На секоја од етапите постоеле два средни спринта. Првиот возач на овие спринта освојувал петнаесет бода, вториот возач десет бода и третопласираниот шест бода. Победникот во пласманот ја добивал зелената маичка.
Последен поединечен пласман била наградата за борбеност. По секоја друмска трка, жирито избирало еден возач на основа на покажаното и напорот на етапата. Возачот го добивал црвениот број на следната етапа. По последната етапа, жирито го бирало најборбениот возач на целата трка.
Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно. Водечката екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време и секој член на победничката екипа добива маичка со жолт број на завршниот подиум.
Етапа Победник Генерален пласман25п Бодовен пласман25п Планински пласман25п Пласман за млад возач25п Награда за борбеност25п Екипен пласман25п П Фабио Фелине Фабио Фелине Фабио Фелине недоделена Александер Едмондсон недоделена 1 Михаел Албасини Сајмон Јејтс Максимилијан Шахман Сандер Арме 2 Штефан Кинг Штефан Кинг Сандер Арме Штефан Кинг 3 Елија Вивијани Томас де Гент 4 Сајмон Јејтс Сајмон Јејтс Пјер Латур Сандер Арме 5 Примож Роглич Ричи Порт недоделена На крај Ричи Порт Штефан Кинг Сандер Арме Пјер Латур недоделена
Наводи
Извори
Надворешни врски
Категорија:Тур де Романди Категорија:Светска турнеја на UCI 2017 Категорија:Швајцарија во 2017 година