Чорба () — вид супа својствена за националните кујни во балканските земји, Источна Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Средна Азија, Јужна Азија.
Чорбата потекнува од Турција и се правела пред сè од шкембе. Се правела со пропржување на ситно исечкан кромид на масло, на што се додавале ситно иситнетите парчиња шкембе. Се турало вода и се оставало да се вари на тивок оган.
Сите останати подоцнежни варијанти на чорби, од друго месо, додавање на зеленчук, сок од лимон и слично, се варијанти на основната чорба.
Во Османлиското Царство постоел дури и еснаф на мајстори за чорба. Кај јаничарите, чинот полковник се нарекувал чорбаџија.
Галерија
Поврзано Шкембе-чорба
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Храна Категорија:Чорби Категорија:Македонска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Бугарска кујна Категорија:Српска кујна Категорија:Босанска кујна Категорија:Турцизми