Изабел Терезe Гулден (родена на 29 јуни 1989 година, во Саведален) е шведска ракометарка која игра на позицијата среден бек за Брест и шведската репрезентација.

Таа била дел од шведската репрезентација на четири Европски првенства (2010 (сребро), 2012, 2014 (бронза) и 2016), три Светски (2011, 2015 и 2017) и последните три Олимписки игри (2008, 2012 и 2016).

Животопис Изабел Гулден е внука на Кристер Гулден, познат шведски борач во грчко-римски стил. Нејзиниот татко Петер исто така се натпреварувал во борење. Нејзиниот прекар Бела е скратеница од името.

Клупска кариера Савехоф Својата професионална кариера Гулден ја започнала во 2007 година во екипата на Савехоф во својата родна Шведска. Во 2008 година ја добила наградата Комета на годината за ракометарка која најмногу напредувала. Со Савехоф го освоила шведското првенство 4 пати во 2007, 2008, 2009 и 2010, пред да го напушти клубот и да замине во странство.

Виборг 185px|left|thumb|Гулден во дресот на Виборг во 2011. Во текот на летото 2011 година, Гулден се преселила во Данската прва лига потпишувајќи договор со екипата на Виборг. Изјавила дека потребата за нов спортски предизвик е причината што го напуштила Савехоф.Isabelle Gulldén till Viborg По доаѓањето во Виборг Гулден станува една од главните играчи на клубот. Во својата прва сезона му помага на Виборг да стигне до финалето на плејофот на Данската лига каде биле поразени од Рандерс со вкупен резултат по двата натпревари 60-56. Виборг исто така играл и во финалето на Купот на победниците на куповите, но и таму биле поразени во два натпревари од унгарскиот Ференцварош, губејќи ги двата натпревари со само еден гол разлика со идентични 30-31.Hungarian triumph in EHF Women's Cup Winners’ Cup

Пред почетокот на следната сезона 2012-2013 во Виборг пристигнува и момчето на Гулден, ракометарот Линус Персон. На 28 декември 2012 Гулден постигнала 5 гола со кои како најефикасна во својот тим му помогнала на Виборг да го победи Мидтјиланд со 26-21 во финалето на Купот на Данска.Viborg HK er pokalmester 2013 Тоа бил првиот трофеи за неа по доаѓањето во клубот.

Во текот на сезоната 2013-2014 таа го предводи Виборг до две нови титули, истите оние две кои му побегнале на клубот пред две години: Данското првенство и Купот на победниците на куповите. Гулден била најдобар стрелец на Виборг во Купот на победниците на куповите таа сезона со вкупно 58 гола, а од нив 9 постигнала во финалните натпревари против Звезда Звенигород; 6 во првиот натпревар во победата на домашен терен со 31-22 на 4 мај 2014 и 3 во победата во Русија со 23-24 на 11 мај. Десет дена подоцна, клубот го освоил и домашното првенство совладувајќи го Мидтјиланд и надминувајќи го дефицитот од два гола од првиот натпревар со победа од 24-21 на домашен терен. Гулден одново била најефикасна во својот клуб постигнувајќи 8 гола. Истата година таа се нашла на списокот од 150 најдобри шведски спортисти на сите времиња во изборот на шведскиот весник Dagens Nyheter. Таа била единствената ракометарка на списокот заедно со легендарната Миа Хермансон-Хегдал."Mia Hermansson Högdahl ansatt i NHF" Norges Håndballforbund – (Посетено на December 16, 2007)

Во својата последна сезона во Виборг, Гулден му помагнала на клубот да стигне до четвртфиналето на Лигата на шампионите каде биле поразени од црногорскиот Будуќност. Клубот не успеал да ги освои ниту првенството ниту купот на Данска по што за првпат по две години завршиле една сезона без освоен трофеј.

ЧСМ Букурешт 300px|thumb|right|Гулден во дресот на ЧСМ Букурешт. Во февруари 2015, Гулден потпишала за романскиот ЧСМ Букурешт.Izabel Gulden u Bukureštu! Во првата сезона во Романија освоила сè што можело да се освои: Романската Лига Национала, Купот на Романија и Лигата на шампионите. Во финалето на фајналфорот од Лигата на шампионите против Ѓер, Гулден постигнала 15 гола (вклучувајќи го и реализираниот пенал во пенал-серијата по која ЧСМ Букурешт бил подобар со 4-1 и така бил решен победникот) со кои му помогнала на ЧСМ Букурешт по изведување на седмерци да победи со 29-26.Final CSM Bucuresti 29-26 Györi Audi ETO KC Таа ја завршила сезоната како најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 108 гола. Исто така била избрана и за најдобра странска ракометарка во романското првенство и во идеалниот тим на првенството.Cristina Neagu, cea mai bună handbalistă în 2015 » Alte distincții acordate de FRH gsp.ro, пристапено 6 јануари 2016

Следната сезона Гулден го предводела ЧСМ до одбрана на титулите во романското првенство и купот, како и до второ едноподруго учество на фајналфорот во Лигата на шампионите. Како и една година претходно ЧСМ најпрво во полуфиналето се сретнал со Вардар, но овојпат за разлика од претходната сезона македонскиот шампион бил подобар со 38-33. Сепак, следниот ден романскиот тим стигнал до победа во натпреварот за третото место против Будуќност, а Гулден постигнала 9 гола од 9 удари кон противничкиот гол.ЧСМ Букурешт го освои третото место во ЛШ vecer.mk Во декември 2016, Гулден втора година по ред била избрана за најдобра странска ракометарка и во идеалниот тим на романското првенство.Superlativele anului 2016 în handbalul românesc digisport.ro, пристапено 28 декември 2016

На 7 март 2017, Гулден го продолжила договорот со ЧСМ Букурешт до 2019.Isabelle Gullden to stay in Bucharest until 2019! Пред почетокот на сезоната 2017-2018, романскиот клуб се засилил и со неколку квалитетни ракометарки кој освоиле многу титули во клупскиот и репрезентативниот ракомет, како Кристина Њагу (избрана за Најдобар играч на светот во 2016 година и шампионка во ЕХФ Лигата на шампионите во 2015 година со Будуќност) и норвежанките Аманда Куртовиќ и Марит Малм Фрафјорд (многукратни европски, светски и олимписки шампионки), за да го подигнат квалитетот на екипата и да и помогнат на Гулден во остварувањето на целта - достигнување до ново финале во Лигата на шампионите. Гулден одлично ја започнала сезоната постигнувајќи три гола во победата над во победата над СЧМ Крајова со 33-19 во Суперкупот на Романија,Handbal feminin. CSM Bucureşti a cucerit Supercupa României, ediţia 2017 epochtimes-romania а потоа во првото коло од романското првенство таа постигнала 13 гола во победата над Униреа Слобозија во гости со 37-29 со што била најефикасна ракометарка на натпреварот како и најефикасна ракометарка воопшто во првото коло во првенството.Unirea Slobozia - CSM Bucureşti 29-37. Campioana a făcut spectacol la debut. Gullden, în mare formă! digisport.ro На крајот од сезоната Гулден освоила уште по една титула во романското првенство и Купот на Романија, но клубот повторно бил елиминиран во полуфиналето на фајналфорот од Лигата на шампионите (како и претходната сезона), овојпат од подоцнежниот шампион Ѓер. Следниот ден, ЧСМ Букурешт го совладал Ростов-Дон со 6 гола на Гулден и го освоил третото место. Бидејќи од претходно било познато дека Гулден ја игра својата последна сезона во романскиот клуб и дека по завршувањето на сезоната заминала во францускиот Брест, по освојувањето на третото место таа изјавила: „Уште сум разочарана сум од вчерашниот ден, но денес ја покажавме нашата светла страна. Разочарана сум што ќе си одам од ЧСМ Букурешт, но среќна сум што си одам барем со третото место. Следниот мој чекор ќе биде заминувањето во Брест и се надевам дека и со нив ќе бидам дел од Ф4“.Гулден: Си заминувам со измешани емоции од ЧСМ Букурешт gol.mk Својот последен натпревар за ЧСМ Букурешт, Гулден го одиграла на 15 мај 2018 во победата на домашен терен над Дунареа Браила со 34-22, постигнувајќи 3 гола.HC Dunărea a pierdut cu 34-22 la CSM Bucureşti HC Dunărea a pierdut cu 34-22 la CSM Bucureşti obiectivbr.ro И за трета година по ред таа била избрана за најдобра странска ракометарка во романското првенство,Cei mai buni handbaliști ai anului 2017 како и во идеалниот тим на првенството.

Брест На 15 март 2018, било објавено дека по три сезони во дресот на ЧСМ Букурешт, Гулден ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Брест во летото 2018.ТРАНСФЕР БОМБА: Гулден потпиша за Брест Неколку дена подоцна таа и официјално потпишала договор со францускиот клуб, избирајќи го дресот со број 9, при што на конференцијата на нејзината презентација признала дека имала голема дилема дали да се пресели во Брест или да остане во Букурешт, но сепак на крајот се одлучила за ново искуство во својата кариера.Bella Gulldén : « c'était Brest ou rester à Bucarest » ouest-france

Гулден дебитирала за Брест во француското првенство на 30 август 2018, во победата над Бурж де Пеаж во гости со 32-19, постигнувајќи 3 гола за својот тим.

Репрезентативна кариера Изабел Гулден дебитирала за сениорската репрезентација на Шведска на 23 ноември 2007, во натпреварот против Германија."Landslagsmeriter". bellagullden.com. Läst 14 november 2016. Своето деби со репрезентацијата на некои од големите турнири го имала на Олимписките игри во Пекинг 2008.

Од 2008 година, Гулден учествувала на сите првенства на кои Шведска се квалификувала. Тоа ги вклучува Олимписките игри 2008 (Шведска: 8-мо место), ЕП 2008 (9), СП 2009 (13), ЕП 2010 (2), СП 2011 (9), ЛОИ 2012 (11), ЕП 2012 (9), ЕП 2014 (3), СП 2015 (9)"VM Damer – Norge regerar världshandbollen igen". svenskhandboll.se, 2015-12-20. Läst 14 november 2016. ЛОИ 2016 (7)"Damer A – Sverige sjua i OS". svenskhandboll.se, 2016-08-16. Läst 14 november 2016, ЕП 2016 (8) и СП 2017 (4). Таа била избрана за МВП на Европското првенство 2014,Швеѓанката Гулден е МВП на Европското првенство за ракометарки sportmedia.mk на кое исто така завршила како најдобар стрелец со 58 постигнати гола.

Титули

Клупски Савехоф Шведско првенство (4) : 2007, 2008, 2009, 2010

Виборг Данско првенство (1) : 2013-2014 Куп на Данска (1) : 2013 Купот на победниците на куповите (1) : 2013-2014; финалист 2011-2012

ЧСМ Букурешт Романско првенство (3) : 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018 Куп на Романија (3) : 2016, 2017, 2018 Суперкуп на Романија (2) : 2016, 2017 Лига на шампиони (1) : 2015-2016

Репрезентативни Шведска Европско првенство : 20px сребрен медал 2010 20px бронзен медал 2014

Индивуидуални награди Најкорисен играч (МВП) на Европско првенство: 2014 Најдобар стрелец на Европско првенство: 2014 (58 гола) Најдобар стрелец во Лигата на шампионите: 2016 (108 гола) Романско првенство Најдобар странски играч: 2015, 2016, 2017 Шведско првенство: Најдобар играч на сите времиња Шведска ракометарка на годината: 2012, 2014, 2017, 2018 Handball-Planet.com Најдобар трансфер: 2015-2016

Наводи

Надворешни врски

Изабел Гулден на csmbucuresti.ro Изабел Гулден на eurohandball

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски ракометарки Категорија:Ракометарки на Савехоф Категорија:Ракометарки на Виборг Категорија:Ракометарки на ЧСМ Букурешт