Цурјака (), Аетија; до 1927 г. Τσούργιακας, ЦурјакасΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσούργιακας -- Αετιά) – село во Република Грција, во општината Гребен, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 34 жители.
Географија Селото се наоѓа на околу 25 км западно од градот Гребен, 3 км источно од Филипишта на надморска височина од 1.100 м, во источниот дел на планината Смолика, дел од планинската верига Пинд.
Историја Во месноста Кастри се откриени остатоци од тврдина.
За време на Османлиското Царство Селото е споменато како Цурјакас во ферман од 1717 година во тимарот на Мехмед-бег, со кое се определуваат границите со соседите. Во XVIII век заради албански наезди поголемиот дел од жителите на селото, заедно со оние на Москополе, Фурка, Зерма и Пирсојани се иселуваат и основаат село Пипилишта. Други се населуваат во Каракамен, во селата Црковјани и Ксироливадо. ]].
Кон крајот на XIX век Цурјака е христијанско грчко село во западниот крај на Гребенската Каза на Османлиското Царство. Во 1806 година Франсоа Пуквил го споменува селото како „Шеркања“.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чурјака се води како чисто грчко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 6 куќи.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година во Цурјакас живеат 27 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. „Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων“, in: „Ελιμειακά“, 48 – 49, 2001. Централната селска црква „Свети Николај“ е изградена во 1863 година, а обновена во 1880 година.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Цурјака станува дел на Кралството Грција.
Во 1927 година името на селото е сменето во „Аетја“ од αετός што значи орел, додека Цурјака има словенска етимологија од орел.
Демографија Пописи Движењето на населението по години е следното: 1913 - 86 жители 1920 - 21 жител 1928 - 40 жители
Наводи
Категорија:Гребен (општина)