Ивона Талевска (р. ) — контроверзна македонска новинарка. Во својата новинарска кариера, таа работела како уредник на вестите на телевизија Сител од 1999 до 2024 годинаЈубилеј: 20 години Сител вести . Вечер (1 декември 2014). и како поранешен главен уредник на дневниот весник Вечер. Во 2017 година, Ивона Талевска со помала екипа на новинари се одвоила од дневниот весник Вечер и го создала порталот Вечер.мк на којшто станала главен и одговорен уредник. Од 2024 година, работи во Телевизија Алфа.
Нејзината новинарска кариера е одбележана со бројни контроверзии, како што се аферата „Визарис“ во којашто влијаела претпријатие во сопственост на нејзината мајка да добие тендер од Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема во вкупен износ од 1 милион евра и аферата „Тифани“ во којашто за затајување данок во износ од околу 2,5 милиони денари била осудена на условна затворска казна од две години доколку во следните четири години не го повтори делото.
Животопис Талевска дипломирала политички науки и магистрирала економија на универзитетот „Шефилд“ во Солун. Со новинарство се занимава од 1995, а учествувала на курсеви организирани од телевизиите Би-би-си и Ен-би-си.Ивона Талевска, нов главен уредник на „Вечер“ Вечер (26 септември 2012) Талевска членува во провладиното здружение „Независен синдикат на новинари на Македонија“ (НСНМ).Провладините медиуми формираа свој синдикат на новинари Призма.мк (26 јули 2016)
Контроверзии Афера „Визарис“ Во 2014 година, тогашниот гласноговорник на СДСМ Петре Шилегов објавил дека претпријатието „Визарис“, чиј сопственик е мајката на Ивона Талевска, добивало тендери од Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема во вкупен износ од 1 милион евра.Шилегов: Фирмата на мајката на Ивона Талевска „лапнала“ од Тодоров бизнис од милион евра Бриф.мк (11 јануари 2014) Договорот бил подоцна раскинат од министерот за здравство Никола Тодоров со образложение дека, иако документацијата била легална, ситуацијата била „малку неетичка“.Тодоров: Тендерот е законски, неетички се промените отпосле Вест (12 јануари 2014) Талевска го тужела Шилегов за клевета и навреда, но загубила на суд и била должна да му исплати судски трошоци во износ од 56 илјади денари.Ивона Талевска ја изгуби тужбата за клевета против Шилегов Нова ТВ (22 јуни 2016)
Аферата „Визарис“ повторно станала актуелна во 2015 година, кога бил објавен прислушуван разговор меѓу нејзе и Драган Павловиќ Латас, во кој се договарала тендерската постапка и префрлање на 1,3 милиони евра на сметка на претпријатието.Аферата Визарис и случајот Сопот во фокусот на 25 -та „бомба“ Радио Слободна Европа (23 април 2015)
Афера „Тифани“ Во 2017 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отворило истрага со назив „Тифани“, во којашто Талевска била осомничена дека затаила данок од 37 илјади евра како директор на фирмите „Смарт центар“ и „Смарт груп“. Според наодите на СЈО, Талевска преку фирмите купувала скапа облека и луксузен мебел, со што ја намалила основицата од која се пресметува данокот.Четири истраги и обвинение Призма.мк (23 март 2017) Во февруари 2018 година, Талевска била осудена на условна затворска казна од две години доколку во следните четири години не го повтори делото. Судот исто така пресудил дека таа треба да го врати целиот износ на затаен данок од околу 2,5 милиони денари, како и да ги покрие трошоците за вештачење во износ од 76 илјади денари.„Две години условна казна затвор за Ивона Талевска “. Правдико. 19 февруари 2018.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски злосторници