Ново Котелци (, Неја Котили) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 92 жители (2021).

Географија Селото е сместено на падините од североисточната страна на планината Горуша, на околу четири километри североисточно од селото Котелци, кое настрадало за време на војната, југозападно од Костур и Нестрам.

Историја Ново Котелци е нова населба изградена непосредно по граѓанската војна во Грција. Во населбата според пописот од 1961 година се евидентирани 542 жители. Меѓутоа, поради неповолните услови за живеење и потрагата по подобар живот, по шеесеттите години почнало постепеното преселување во поголемите градови и побогатите села, така што бројот на жителите во Ново Котелци веќе во 1971 година се намалил на 225.

Население

Пописи 1951 - 473 жители 1961 - 542 жители 1971 - 225 жители 1981 - 96 жители 1991 - 122 жители

Наводи

Извори

Категорија:Нестрам