Горна Нушка (, Метала; до 1934 г. Άνω Δαφνούδι, Ано Дафнуди; до 1927 г. Άνω Νούσκα, Ано Нуска) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Довишта на Серскиот Округ во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 31 километри источно од градот Сер и на 4 километри источно од Довишта.
Селото се наоѓа на надморска височина од 371 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската Каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 42 семејства со 110 жители ГрциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 240 жители ГагаузиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 115 ГрциBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201..
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 85 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 7 жители
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
Во 1928 година селото броело 229 жители, додека во 1940 година селото броело 396 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 313 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 229 жители, во 1971 година имало 119 жители, во 1981 година имало 120 жители, додека во 1991 година имало 182 жители. Денеска, населението на селото е 275 жители според пописот од 2001 година.
Знаменитости Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од 1953 г.
Наводи
Категорија:Довишта